Атиџе со нова насмевка – Турунџиева објави слика од нејзиниот нов изглед

admin22
loading...

Македонската пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева е добра пријателка со хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова.


Пријателството на пејачката, писателка и водителка Сузана Турунџиева и ѕвездата на македонската гордост, филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, кое започна во септември годинава, по посетата на Сузе на домот на Атиџе во Бекирлија, сѐ повеќе се продлабочува и, очекувано, кога станува збор за две музикални души, деновиве се преточува во музика.


Овие две распеани души кои се најдоа на иста бранова должина, очигледно, ги поврза токму заедничката љубов кон музиката па тие периодов уживаат во заедничко музицирање создавајќи преработки на стари македонски и турски песни, се разбира, на нивни начин.


Сузана која во животот преживеа страшни семејни трагедии, некои немили, но и некои прекрасни настани, вели, дека, дури сега, во овој период на пандемија со корона, сфатила колку многу ѝ помага музиката за полесно да ги преброди сите ‘корона премрежија’.

За пријателството со Атиџе пак, вели дека е едно убаво, искрено пријателство, а нејзина најголема желба и интенција е од сега натаму да направи сѐ, животот на Атиџе да биде исполнет со музика.


Нивното пријателство сега прерасна и во нивна заедничка соработка, oдносно снимија две песни „Добро раѓа добрина“ и „Иста судбина“.

-Имавме идеја со Сузана да воскреснеме некои стари македонски и турски песни заедно со ансамблот Мерак Чалгии, кои се едни извонредно талентирани професионални музичари.

Идејата да снимиме нови песни дојде на покана од нашиот најдобар текстописец Огнен Неделковски, поттикнат од нашето пријателство“, изјави Атиџе неодамна за „Женски магазин“.

„На Атиџе не ѝ треба јадење и пиење, туку достоинствен живот“, вели Сузана која искрено ужива во заедничките моменти и во музицирањето со Атиџе, на која сака да ѝ овозможи уште многу денови и иднина исполнета со музика.


Турунџиева на својот Фејсбук ја објави песната „Исти судбини“ а во видеото се нижат фотографии од Атиџе и Сузана.

Музиката и аранжаманот се на Роберто Кентаур Поп Димитров, а текстот е дело на Огнен Неделковски.

Сузана Турунџиева влијаеше на одлуката на Атиџе, да поработи и на својот физички изглед. Така неодамна, Сузана на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија од разубавувањето на нејзината другарка:


„Огромно БРАВО за вештите раце на Еми и Тео од најдоброто фризерско студио Соник“, напиша Сузана и објави слики од нив двете како се средуваат.

Атиџе сега има нова феризура, шминка, и воопшто не личи на оаа Атиџе со шамија на главата што целиот свет ја запозна преку документарецот Медена земја, Атиџе од селото Бекрилија која е последната жена, одгледувач на диви пчели во Југоисточна Европа.“


Пред три дена, двете се пофалија со нов момент од трансформацијата на Атиџе. Турунџиева повторно објави фотографија од заедничката посета на стоматолог, кој се погрижи за забите на Атиџе Муратова.

„Не постојат случајни насмевки.. Постојат само насмевки за кои се заслужни добрите стоматолози“, напиша Сузе.

Loading...
Next Post

Ова е единствениот политичар што и кажа НЕ на кралицата Елизабета

Елизабета Александра Мери Виндзор — кралица на шеснаесет независни држави и нивни прекуморски територии здружени во сојузот наречен Комонвелт. Според Вестминстерскиот статут од 1931 г., таа ги носи круната и владетелската титула на секоја од тие држави посебно и подеднакво; сепак таа е жител и најдиректно вклучена во Велика Британија, […]