Ацо Пејовиќ низ солзи прозборе за болеста на неговата сопруга – “Им реков на децата, може ќе останеме без мама”

admin22
loading...

Таа матурантка, а тој пејач кој почнал да гради кариера. Ацо Пејовиќ и Билјана тргнаа од Пријеполе за да најдат среќа во Белград.

– Имав повеќе среќа отколку памет. До таа година, поминав многу повеќе отколку кој било друго од мојата генерација. Патував, се нагледав на сè и сешто, а потоа во тие години посакував да имам нешто покрај себе, некој што ќе ме сака.

Во врска бевме седум дена и стапивме во брак, а заедно еве сме веќе 20 и нешто години. Се запознававме сите овие години – рекол Пејовиќ порано.

Како гостин во емисија на ТВ Пинк, водителот го праша дали е вистина дека доцнел на сопствената венчавка, што беше проследено со потврден одговор, но и објаснување:

– Да, доцнев на мојата венчавка. Сите шетаа пред општината, јас бев на Златибор, свирев, имав тезга – се присети тогаш Пејовиќ, кој рече дека жената е шеф и столб на куќата.

-Се е на најзините раменици. Јас така гледам и мислам дека е така. Кај мене жената е газда-рекол тој.

Според неговите зборови, Билјана и тој се венчале веднаш откако таа завршила средно училиште.

-Јас бев само неколку години постар. Заедно растевме, се менувавме еден со друг, се поддржувавме, созревавме. Така, заедно станувавме луѓе. Можеби комбинацијата на нејзината љубов, мојата музика и досегашно животно искуство, всушност ме дефинираа како човек.

Пејачот Ацо Пејовиќ за време на гостувањето во емисијата на водителот Милан Калиниќ, „Преживеани“, проговори за својот најтежок период во животот, моментите кога помислил дека ја изгубил сопругата Билјана.

Тој објасни дека таа била во тешка здравствена состојба и дека морало итно да биде опер-ирана од анев-ризма, проширување на артеријата во мозокот. Пред операцијата лекарот ѝ дозволил да ги види децата затоа што тоа можело да бидат нивните последни заеднички моменти.

„Ми рекоа дека од илјада, само еден пациент преживува ако пукне артеријата во мозокот. Лекарот што ја водеше операцијата ги повика моите деца да се видат со неа затоа што тоа можеше да бидат нивните последни заеднички моменти“, раскажа Пејовиќ.

Тој објасни дека кога помислил дека ја изгубил сопругата, кај него се јавила потреба да биде со своите деца.

„Некако чувствував дека имам потреба да бидам со нив. Седнав до нив и ги прегрнав. Им кажав дека ќе можеме некако да се избориме и без мама, но тука се пресеков“, раскажал пејачот низ солзи. За потсетување, Ацо Пејовиќ со сопругата Билјана има три ќерки.

Г-ѓа Пејовиќ ретко е изложена во јавноста, но Ацо не крие дека ја обожава својата сопруга и дека таа е неговата најголема поддршка.

– Таа е нашиот ветер, нашата утеха, понекогаш плимата, понекогаш осеката … Таа е маж, таа е гласот на разумот, гледа и знае, има рецепт како да биде совршен пријател, како да се помири непомирливото и како да љубиме и сакаме … од денес, таа има право секој ден да ни „удира“ по една воспитна.

Бидејќи, дами и господа, ви ја претставувам Билјана Пејовиќ, доктор на економски науки – напиша Весна Милановиќ во описот на фотографијата.

Loading...
Next Post

Венко Андоновски: Што е негативна селекција?

-Негативна селекција е кога намерно на чело се избира послабиот, за да не оди напред подобриот, затоа што тогаш сите ќе мора да одат напред. За да не мора да се оди напред. За да не мора да се работи. Тоа е цената на мрзеливоста, комоцијата и диктатурата на просекот. […]