Баба Ленче од струмичко Смоларе: Јас ги натерав моите две деца да извадат БГ пасоши и фала Богу сега се во Германија

admin

Празни улици и сокаци. Ваква е сликата во подбеласичките села во Струмичко. Бугарските пасоши ги испразнија овие села кои пред триесетина години беа полни и раздвижени. Во овие села останаа само повозрасните.

Во селската продавница во струмичкото село Мокрино, на прсти се бројат купувачите. Промет има само кога се делат пензиите.

Коста Димитриев вели дека во селото нема млади, сите се надвор од државата. Смоларе и Мокрино се дел од општина Ново Село.

„Ниту еден не остана, сите се кој по Германија, кој ваму, кој онаму, заминаа на печалба. Тука останаа старите лица, такви како мене. Млади нема, се затвора школото.

Бугарски пасош се зема поради егизстенција, тука нема од што да се живее.

Според Државниот завод за статистика секоја година од оваа општина се иселуваат по околу 80 лица во западноевропските земји. Подрачните училишта од година во година се празнат, бидејќи станаа села без млади.

Во основното училиште Видео Подгорец во Мокрино каде некогаш имало детски весел џагор, денес од прво до пето оделение учат само пет дечиња. Во второ и трето оделение.

Според последниот попис во Мокрино имало 800 луѓе, но според мештаните сега има едвај 200 жители.

Според последниот Попис од 2002. општина Ново Село има околу 12 илјади жители, но реално во ова општина и сите подбеласички села бројката е речиси преполовена.

Ништо поразлично не е ниту во селото Смоларе. Ленче Костадиновска вели дека живее сама оти нејзините два сина со бугарски пасош заминале за Германија.

„Со бугарски пасоши заминаа и си имаат добра работа и фала му на Бога и снаите имат добра заработувачка. Јас ги натерав моите деца да извадат бугарски пасош.

Беа уште малолетни, имаа 17 ипол години кога добија, јас со мојот маж потпишавме.

„Тоа го направив зошто на мене ми беше скинато од земјоделието, ако јас се мачам, тогаш зошто и ти, зошто да не си бидат свои на своето.

Целата сторија со видео прилог последете ја на Телевизија 24.

Loading...
Next Post

Стојам пред каса во маркет, влегува човек кој се лепи до мене и ми вели: Знаеш ли ти кој сум јас

Новинарката Вики Ристоска пред извесно врене напиша статус на својот личен профил, кој вреди да се препрочита. Најмногу, поради тоа што секој од нас ќе се пронајде во овие зборови. Не себе, туку секој од нас доживеал ваква случка, на препотентни и безобзирни, полни со себе индивидуи, кои се спремни на […]