БИКОТ ИЗМИСЛУВА, ЛАВОТ ПРЕУВЕЛИЧУВА: Како лажат хороскопските знаци

admin22
loading...

Овните се едни од најлошите лажговци, бидејќи тие лажат многу ретко. Импулсивно се одлучуваат на лага, иако така со вжештена глава често забораваат што кажале во афект, па вториот пат раскажуваат друга приказна.

Бикот измислува работи само во некои ситуации, инаку презираат се што не е вистинско и конкретно. Кажуваат полувистини во кои и самите почнуваат да веруваат.

Близнаците се најголеми лажговци како хороскопски знак. Кога лажат, прават невини фаци, и знајте дека ве лажат. Тие тоа го прават за забава, глумат и мислат дека лагата на никого неможе да наштети.

Раковите тешко ќе ги фатите во лага, бидејќи имаат одлична меморија и го помнат секој детал што го кажале. Кога ракот не сака да се конфронтира, бега.

Лавот не лаже, туку ги преувеличува своите доживувања, и од нив сака да направи интересни приказни, верувајќи дека истите некогаш ќе му се случат навистина.

Девиците многу ретко се служат со лаги, но кога веќе ги употребуваат, тогаш ги кажуваат и изработуваат до најситниот детал, а најчесто се поврзани со здравје и работа.

Вагите ги заобиколуваат лагите ако тоа е возможно, па така попрво би премолчеле или директно би ја промениле темата на разговор љубезно насмеани. Ако се во ситуација да мораат да лажат, лагата ја ублажуваат со некоја непријатна ситуација.

Шкорпијата е исто така доста уверлив лажго што лесно измислува работи, но често не за да им наштети на другите туку само да ја провери туѓата интелегенција. Всушност, шкорпијата се бара себе си во луѓето или гледа предизвик во нив.

Стрелците се чувствуваат несигурно кога лажат. Нив веднаш може да ги препознаете ако ве лажат, бидејќи тие црвенеат и го вртат погледот на страна.

Кај јарците, нивните лаги се добро смислени и имаат алиби, уверливи причини и оправдувања. Тие лажат ретко и лагите ги кажуваат во афект.

Водолиите се против лажењето, но се спремни на компромис и да ја скријат вистината, сметајќи дека така ќе спасат некоја врска или ќе спречат пријателите да бидат повредени.

Рибите лажат умешно, и најчесто тоа се ситни мали лаги за секојдневните случувања, бидејќи често ги одложуваат своите обврски.

Loading...
Next Post

(ВИДЕО) СТРАШНО: Нападната новинарка во програма во живо!

Новинарката на украинската телевизија „Њуз ван“, Виолета Товкес беше цел на нападот, додека се приклучуваше на програмата од церемонијата на сеќавање на жртвите на гладот ​​од 1932-1933 година, на територијата на Советскиот Сојуз. На видеото се гледа како непознат маж и приоѓа на девојчето, и фрла микрофон и свеќа, и […]