BIONTEСH: Вакцината „Pfizer“ исто така штити од новиот вид на коронавирус

admin22
loading...

Вакцината против COVID-19, изработена од „Pfizer“ и „BioNTech“, веројатно ќе заштити од заразен вид на вирусот, откриен во Велика Британија и се шири низ целиот свет, покажуваат резултатите од најновите лабораториски тестови на „BioNTech“, кои беа објавени денес.

Охрабрувачките резултати од анализата преку крвта на учесниците во новите испитувања спроведени од германскиот Бионтек се базираат на пообемни истражувања од оние објавени од американскиот производител на лекови „Pfizer“ минатата недела, пренесува Ројтерс.

Минатата недела, „Pfizer“ објави дека слична лабораториска студија покажала дека вакцината е ефикасна против една клучна мутација, наречена N501Y, пронајдена во двете многу преносливи нови варијанти кои се шират во Велика Британија и Јужна Африка.

Loading...

Најновата студија на „BioNTech“, објавена на bioRxiv.org, која сè уште не е прегледана, беше спроведена на синтетички вирус со 10 мутации кои се карактеристични за варијантата позната како Б117 идентификувана во Велика Британија, а меѓу 11-те автори на студијата се и Угур Сахин и Озлем Туречи , коосновачи на „BioNTech“.

Оваа студија дава понатамошна надеж затоа што во Велика Британија се забележува рекорден број на смртни случаи од COVID-19 секој ден, што се верува дека е одговор за повеќе пренослив вид на инфекција, што исто така значи дека развојот на вакцините за оваа болест не би морал да започне одново, наведува агенцијата.

Loading...
Next Post

Навики што откриваат дека сте израснале во сиромашно семејство

За жал, не растат сите во еднакви услови. Некои деца имаат проблеми со семејството, други со врсниците, а трети можеби се доста свесни за финансиските проблеми на нивните родители. И дури и ако финансиските тешкотии на нивните родители траат кратко, сеќавањето на тие времиња останува засекогаш за многу луѓе. Брајт […]