Борче Трајковски: ЗАДУШНИЦА – еве што ми кажа мајка пред да замине

admin
loading...

Утре е еден од најголемите празници во православието, тоа е денот кога се раздава за упокоените и споменуваат блиските кои заминале од овој свет, во нашите молитви.

Борче Трајковски на својот профил на социјалните мрежи, раскажа каков аманет добил од својата мајка. Ви го пренесуваме, бидејќи е добар пример како треба сите да се однесуваат, наспроти традициите и адетите кои останале од порано:

Задушница и советите на мајка ми… Не. Не викајте поп на мојот по греб. Не плачете многу, не тажете. Знаете дека сакам цвеќиња, и кога ќе можете оставете по некоја китка до гробот.

Не носете црнина, не ги гасете радијата и телевизорите, не ги покривајте со миљенца, и не ги оставајте светлата запалени 40 дена откако ќе заминам некаде, некаде во некој друг свет.

Слушајте музика и гледајте хумористични емисии, одете на концерти, бидете весели. Радувајте му се на животот. Пуштете музика на мојот седумдневен помен, запалете скара и повикајте ги пријателите и роднините за задушница.

Сетете се на мене. Вашата почит кон мене ја искажувате сега, додека сум жива, додека можам да ја почувствувам и да се гордеам со неа.

После, можете да правите што сакате, нема да ми значи ништо. Жалете ме и сакајте ме додека сум со вас, за да можам да го осетам тоа.

Не ги сопирајте солзите за да ме исплачете на последното збогум, ама не плачете многу. Болат последните разделби. Потоа, продолжете со животот како ништо значајно да не се случило.

Ако мојата душа лебди некаде, тогаш бидете сигурни дека ќе лебди над вас, и ќе продолжи да ве усмерува, да ве заштитува.

ќ
На задушница, не ми треба ништо друго, освен да се сетите на мене и на овие зборови. Соберете се и каснете нешто за вашите души, сеќавајќи се на мене.

Мојата душа ја нахранивте додека бев со вас… Мајка ми, Божидарка…“

Loading...
Next Post

Oва е жената на која Бајага и ги посвети сите песни кои ги има напишано ФОТО

СИТЕ ПЕСНИ И ГИ ПОСВЕТИ НА НЕА: Ова е жената која Бајага ја сака 36 години (ФОТО) Српскиот рокер, познат и омилен и кај македонската публика, Момчило Бајагиќ – Бајага, и неговата сопруга Емилија, важат за стабилна и хармонична двојка. А нивната љубовна приказна започнала многу романтично , речиси филмски. […]