Бугарите ни дадоа леб: Цело семејство имаме бугарски пасоши и ич не се каеме што сме се декларирале како Бугари

admin22

Слушам деновиве разговор меѓу мои комшии во Италија, зборуваат за кого ќе гласале на изборите во 12 април во Македонија. И покрај тоа што и двајцата се овде речиси четири години, тие уште зборуваат како тоа тие ќе одлучувале за кого ќе гласаат во Македонија бидејќи како што и самите велат за државата се работело. Јас пак уз чаша винце им велам, другари, заборавете на таа работа, нема спас за нашата државичка.

Пред 6 години со тешко срце се одлучив да ја напуштам мојата татковина, моето семејство и јас зедовме бугарски државјанства кои ни ја отворија вратата на Европа и заминавме од Македонија. Прво бевме во Австрија, а потоа се преселивме во Италија. Денес, после 6 години можам слободно да кажам дека сум ја донел вистинската одлука за моите деца и моето семејство и за таа одлука ниту еднаш се немам покаено.

За жал, многумина мои пријатели кои исто така се иселиле болката за огништето ја наоѓаат во утехата дека ќе дојде некој подобар кој ќе може да ја подобри ситуацијата во државата. Јас уште стојам на ставот дека во Македонија ништо нема да се подобри. Ние живееме во држава во која нема луѓе од политичари, туку има корумпирани луѓе кои единствено мислат на себе и својот профит.

Единствено што можам да поддржам е договорот за добрососедство со Бугарија, државата која на илјадници Македонци им даде леб. Да, токму Бугарија ни даде леб, а не Македонија. Бугарија преку издавањето на пасоши на Македонци, остава врата на многу Македонци да заминат во Европа и да земаат европски плати со кои ќе можат да си дозволат достоинствен, а не мизерен живот. И сакале да признаеме или не, таа е реалноста!

Затоа, убаво би било да се напомене и да им се укаже на оние кои не критикуваат дека сме ја предале Македонија со земањето бугарски пасош. Не сограѓани наши. Државата нас не предаде! Македонските политичари не предадоа нас, го предадоа македонскиот народ, тие се оние кои ни ја украдоа иднината во татковината и не натераа да заминеме илјадници километри далеку од нашите пријатели и роднини!

P.S. Да се изгради споменик со бугарски пасош во Скопје, заслужија пријателите од Софија!

Извор: Читај

Loading...
Next Post

НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА: Од 8-ми јануари поскап паркинг во Скопје

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” донесе Одлука за усвојување на новиот Ценовник на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со кои стопанисува со цел да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење. „Во […]