Д-р Лазаров: Пушат цигари со ракавици, храна продаваат и наплаќаат со истите ракавици – Луѓе, катаклизма ќе ни се деси

admin22
loading...

Морав итно до ГТЦ до салон на А1, неодложно, скоро се е отворено, луѓе си шпацираат, СЕГА И ЈАС СУМ ВЕЌЕ ИСПЛАШЕН!

Пред дуќани пушат цигари со ракавици и на нив и маска спуштена под брада, храна продаваат и наплаќаат со истите ракавици!

Слушате ли бе луѓе нешто вие, гледате ли тв, катаклизма ќе ни се деси, очигледно џабе трубиме! Каква е оваа вонредна состојба???

Фејсбук објава на претседателот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), д-р Ненад Лазаров, револтиран од несериозниот однос на граѓаните и непочитување на препораките за заштита од коронавирусот.

„Не ни ги трошете маските и ракавиците залудно, по ординации немаме СКОРО НИКАКВА заштита ради неписмен народ кој апсолутно погрешно ги користи, а купува и последна количина!

Големи компании, наместо на вработените, донирајте заштитен материјал на ординации, вашите вработени е сосема доволно ако им наложите да мијат раце по секој контакт со муштерија! Ем нема да создавате дефицит, ем ќе помогнете директно!“, објави д-р Лазаров во друга своја објава на Фејсбук поврзана со недостатокот и несовесното користење на маските и ракавиците за заштита од коронавирусот.

Loading...
Next Post

Лекар од Кавадарци ја напуштил изолацијата за коронавирус и си одел на работа

Јавното обвинителство Кавадарци побара на лекар од Општата болница во Кавадарци судот да му изрече парична казна од 4.500 евра зашто место во изолација заради заштита од коронавирус, тој продолжил да си оди на работа и да лекува пациенти. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци против овој лекар […]