Турската актерка Елчин Сангу, нам најпозната како Дефне од серијата „Вљубениот ерген“, во светот на модата во Турција важи за една од најбараните модели.




Романтичната комедија „Вљубениот ерген“ беше прогласена за најдобра романтична турска серија за 2016-та година, а главните актери, Бариш Ардуч и Елчин Сангу стекнаа врвна слава заради истата.




Ардуч, кој е уште попознат како Омер, е слаба страна на припадничките на понежниот пол, но и Дефне не остава никого рамнодушен.




Инаку, таа не само што е една од најплатените актерки во Турција, туку и познат модел, лице на брендот „Elidor“ за препарати за коса.




Стигнаа нова вест од животот на популарната турска актерка Елчин Сангу. Актерката доживеала, поточно предизвикала сообраќајна несреќа.




Според турскиот печат, актерката Елчин Сангу учествувала во судир кој за среќа завршил без поголеми последици.




Поточно, при посета на теретана, Елчин со своето возило удрила мотоциклист. Според неофицијални информации, возачот на мотор кој паднал од возилото се здобил со несреќна повреда на вилицата.




Актерката се понудила да го пренесе во болница, но тој одбил и рекол дека не сака да биде хоспитализиран и рекол дека се е во ред со него. После тоа Сангу го продолжила патот кон клубот.




Елцин Сангу важи за многу популарна актерка. Покрај тоа, Сангу е една од пообразованите актерки, со оглед на тоа што дипломирала опера на Универзитетот во Мерсин.




Во досегашната кариера се појавила во 14 проекти. Таа го привлече вниманието кон себе со улогата во многу популарната ТВ серија Oyle Bir Geter Zaman Ki | Како времето одминува.




Можеби највпечатлива улога во нејзината актерска кариера досега беше во серијата Kiralik Ask, во која ја глумеше Дефне. Нејзината последна улога беше во ТВ серијата Yalancilar ve Mumlari.
Нејзините обожаватели се надеваат дека наскоро ќе ја видат својата омилена актерка во нов проект. Оваа прекрасна дама на 13 август ќе наполни 37 години.