Денес е многу познат македонски пејач, а во минатото работел како келнер

admin22
loading...

Како артисти со претходно музичко искуство и образование ( Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК- Девојка за везден за кој снимат и видео запис.

Вториот сингл „ Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на новиот албум „Кажано е се“.

Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката.

Популарното музучко дуо ДНК деновиве повторно е во центарот на вниманието, а причината е промоцијата на новата песна.

Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК е горд на својата сопруга Наталија. Пејачот од дуото ДНК ретко споелува семејни фотографии со сопругата и со ќерката.

Велат денот по утрото се познава. Ако е така, тогаш на Андреј од ДНК денот му е исполнет и посветен рационално. Започнува со будилникот, односно неговата ќерќичка Јана во раните зори, продолжува со чаша млеко со какао и цртан филм. За него улогата на татко е вистинско уживање.

Пејачот Андреј од дуото ДНК понекогаш објавува фотки од својата ќерка која баш наликува на него.

Со сопругата Наталија живеат во Бардовци и таму го наоѓаат својот мир.

Кога сме кај еден од членовите на дуото, за Андреј не е толку познато дека тој во минатото работел друга работа пред да започне сериозно со музиката.

Андреј во едно неодамнешно интервју проговори дека почетоците не му биле нималку лесни. Имено тој откри дека за да заработи бил приморан да замине од Македонија, но не како музичар, туку како угостител.

„Во далечната 2004 година како ДНК имавме издадено само неколку песни како: „Пази дете“, „Благодарам однапред. Искрено, тоа беше период каде што стагниравме со Панчо од музичката сцена поради тоа што немавме доволно песни и хитови за да направиме концерт и да настапуваме низ земјава“, вели Андреј и продолжува:

„Па заради таа ситуација, бев приморан да заминам во Грција и да работам како келнер во еден хотел“.

Во продолжени откри како се вратил, поточно поради што во Македонија:

„Сепак изумив дека тој период имав снимено песна со Врчак – „Во твоето срце“ и еден ден додека си работев во најголемата гужва, сред сезона, добив повик од Врчак.

Тој ми кажа дека закажал промоција на албумот и песната другиот ден. Кога му кажав каде сум и што правам, ме натера да се вратам уште истиот ден, се со цел да присуствувам на промоцијата, но и да почнеме сериозно да работиме на нови песни и проекти.

Практично, тоа беше моментот каде и започна приказната со „ДНК“ и Врчак и тоа беше еден од најубавите периоди од мојот живот“

Loading...
Next Post

До 25 јуни овие три хороскопски знаци ги очекува вистинска бура во животот!

До 25 јуни овиe хороскопски знаци ги очекува вистинска бура во животот! Рак Ќе дознаете важни информации за некоја ситуација која се одвивала позади вашиот грб. Најголемото изненадување ќе ви биде фактот дека за целата таа работа е одговорна ваша блиска личност. Светот ќе ви изгледа срушен, но радувајте се, […]