Денес се празнуваат: Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него и Светиот маченик Теодор и другите со него

admin22
loading...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 април. Денеска е Св. свештеномаченик Јануариј и други.

Историската сцена на која се појавува овој свештеник и маченик е Римската империја и времето на владеењето на Диоклецијан. Во тоа време Јануариј бил епископ во Италија, во Кампања. Јануариј бил изведен на суд заедно со некои други христијани од локалниот управник Тимотеј, а потоа испратен во град Путеол.

Таму христијаните требало да бидат предадени на ѕверовите, за развеселување на локалната градска толпа. Но, како и во времето на Даниил, наместо храна, гладните ѕверки во овој човек видоа светилник на светот, па дојдоа до него и се умилкуваа.

Поразен од ова, управникот ги изведе Јануариј и останатите христијани надвор од ѕидините на Путеол и ги обезглави. Моштите на овој свет епископ беа подоцна пренесени во Неапол.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Флоријан.

Живеел во третиот век. Бил воспитан во христијански дух. Му се посветил на војничкиот сталеж, а подоцна се повлекол во граѓански живот и станал канцелар на римскиот заштитник.

Како војник и како граѓански службеник се одликувал со добрина кон сите луѓе. За време на владеењето на царот Диоклецијан бил измачуван.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР: Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19 часот и 42 минути, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 31 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано.

За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.

Loading...
Next Post

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (04.05.2020): Одличен ден за решавање на проблеми кои ви задавале непријатни ситуации

Овен Работа: Сакате да игнорирате некои непријатни ситуации, но секогаш постои некој што ве потсетува или ве предупредува на листата на работни обврски. Избегнувајте докази за соработниците кои користат различни деловни критериуми. Љубов: Партнерот има значително влијание врз вашето расположение, особено кога одеднаш сте преоптоварени со чувство на несигурност или […]