Денеска е Воскресение Христово или Светол Вторник: За да имате среќа цела година, направете го ова

admin22
loading...

Денеска е Воскресение Христово – Трет ден.

Светол или Велигденски вторник е втор ден по Велигден кога продолжува прославувањето на најголемиот христијански празник – Велигден, како во црквите така и во домовите на православните верници.

Богослужбите се исти како и претходните два дена.

Велигденските празнувања траат три дена, а на Велигденскиот вторник продолжуваат гозбите и веселбите на кои доаѓаат роднините, кумовите, соседите и пријателите, па во тоа време се собираат и роднините од подалечните краишта.

Кај народот овој вторник се смета за најдобар вторник во целата календарска година. Во некои села, се одржуваат и свадби, зошто се смета дека овој ден има посебен благодет кој се пренесува на новите сопружници и нивното новоосновано семејство.

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме навикнале да ја делиме неделата на седум дена.

Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања.

Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно. И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата см-рт до неговиот гр-об дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затв-ораше гроб-от. Внатре во гро-бот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскр-есение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година, а во некои места се одржуваат и свадби поради посебниот благодат.

Денешниот ден се смета за најсреќен – Зошто?

Ако на денешен ден се роди дете, тоа ќе биде среќно и долговечно. Според верувањата, ова е единствениот добар вторник во годината. Добро е да се оди во посета или да се тргне на пат.

Според преданието, во недела рано пред зори Марија Магдалена, Марија Јаковлеа, Саломија и некои други жени отишле со подготвено миро до гробот на Христа.

Големиот камен со кој бил затворен Христовиот гроб бил тргнат, а гробот празен. На каменот седел ангел Божји, со лице како молња и одежда бела како снег.

Стражарите – вој-ници биле вкочанети од страв, а тогаш им се обратил ангелот: „Не се плашете, зошто знам дека го барате распнатиот Исус. Не е тука зошто стана. Одете брзо и кажете им на неговите ученици дека Воскресна.

Жените и збунетите војници веднаш се стрчале во градот за да ги известат еврејските поглавари за тоа што виделе, а народот многу се израдувал.

Поради тоа единствена работа која овие три дена верниците мора да ја почитуваат, е да споделат радост со блиските.
Народното верување вели дека оние кои не го почитуваат ова едноставно “правило“ му пркосат на Бога и Христа и нема да им оди во животот „како што треба“.

Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј

Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Светиот апостол Павле ги спомнува во своите Посланија. „Поздравете го“, им пишува Павле на Римјаните, „мојот роднина Иродион“ (16, 11). Иродион пострада од Евреите многу како епископ Неопатарски; го биеја со стапови по главaтa, со камења по усните, го бодеа со ножови.

И кога го оставија како мртов, свети Иродион стана и продолжи да им служи на апостолите. Во Рим му помагаше на светиот апостол Петар. Го убија заедно со многумина други христијани истиот ден кога беше распнат Петар.

Свети Агав имаше пророчки дух. Во Делата Апостолски се спомнуваат неговите две пророштва. Прво, прорече голем глад по сиот свет, коj и се случи во времето на кесарот Клавдиј.

И второ, кога во Кесарија се сретна со апостолот Павле којшто одеше за Јерусалим, Агав го зеде Павловиот појас, си ги врза себеси рацете и нозете, велејќи: „Вака вели Светиот Дух: човекот чијшто појас е ова, вака ќе го врзат во Јерусалим Евреите“ (Дела 21, 11). Свети Руф беше епископ во Тива Јудејска. И него го спомнува апостолот Павле: „Поздравете го Руф, избраниот во Господ“ (Рим. 16, 13). Беше епископ во Ирканија азиска. Свети Флегонт, кој се спомнува на истото место, беше епископ во тракискиот град Маратон. Свети Ермиј спомнат со останатите, беше епископ во Далмација.

Loading...
Next Post

Бевме во долга врска, а потоа моето момче ИСЧЕЗНА: Кога го ПРИЈАВИВ случајот, открив СТРАШНА ВИСТИНА

– Бев во среќна врска две години, кога мојот дечко наеднаш пропадна во земја. Тој престана да одговара на моите пораки, тој престана да одговара на моите повици. Лудував со денови, а потоа решив да повикам полиција – така Кетрин Верб ја започнува својата приказна на ТикТок. Откако го пријави […]