Денис: Пред 5-6 години на денешниов празник ми се јавува пријателче и ми вика

admin
loading...

Јанкуловски Денис, кој во изминатите месеци, секое утро, пред да оди на работа го почнуваше со песна, сега е главен лик во салата „Борис Трајковски“, каде се врши имунизација на населението.

Тој на својот профил на социјалните мрежи, како и во минатото, кога одеше во домови и земаше брис за тестирање, сега раскажа како се одвива имунизацијата и дел од приказните на луѓето со кои се среќава:

„Од дневникот на Космонаутко или „Пензионерски вакцинални средби во Борис Трајковски – 15-16.04.2021“.

Loading...

-Дојдов само да ве поздравам, јас сум на Пеце мајката. Браво и фала за се.

-Чекав да се ослободите, дојдов само да ве поздравам од внуките близначки, имаат 8 години, ми рекоа ако е Космонаутко таму кажи му дека го сакаме. – Благодарам, кажете им дека Космонаутко ќе ги гушне во прва прилика. – Фала, инаку ве гледаме на телевизија. Ве пратиме.

-Ми е страв, стварно, што немам. Но вакцинава е и тоа како потребна, кој што сака нека каже. Сакам да си поиживеам ама и не сакам да ги секирам и им бидам терет на младите или не дај боже нешто полошо.

Нема ли да е проблем да поседам малку? – Никако тетке, слободно колку сакаш, нигде не брзаме. (остана, муабетевме, малку поплака, изгубила тројца најблиски во 1 месец, двајца од корона, се натажи но малку и се насмеавме, од се по нешто).

На крај ми рече – Знаев дека во вистинскиот пункт дојдов, Господ да ти даде се што е убаво. – Фала тетке, жива и здрава, со лесно да е и знај дека ова што го правиш е за здравје. На здравје.

-Влегува во кабина 9 или позната како кабина Космонаутко бабичка, цела насмеана и расположена и вика – Сонував како ја добивам Спутник и тоа од Космонаутко, и ете, среќна сум како дете.

-Вие сте оној што го има секој ден на телевизија, така? – Да, претерано – Не, не баш сте супер, многу сакам да ве слушам, зборувате, убаво, паметно и разбирливо.

-Искрено да ви кажам секој ден се мислев, скоро да бев решена да не идам. Ама уште посикрено и без лице да ви правам, ве слушав на телевизија и ме охрабривте да дојдам. И им реков на комшиките и другарките, штом е Космонаутко таму одиме сите. Ви верувам, да сте живи и здрави.

Денес, по повод празникот Рамазан Бајрам, тој на својот профил на социјалните мрежи напиша интересна анегдота:

„Пред 5-6 години на денешниов празник ми се јавува пријателче и ми вика: Денис, нека ти е честит празникот, да си жив и здрав, само среќа и убавини да те следат.

Во првиот момент помислив дека ме зафркава и ја прифатив играта, но како течеше разговорот увидов дека тој НАВИСТИНА ми честита а причината најверојатно е моето име (некои мислат дека сум Дениз) кое и други често ги збунува па понекогаш почнуваат да ми зборуваат турски.

Што сакам да кажам….. Нема врска што е грешка. Она што за мене е многу значајно во оваа ситуација е почитта.

Неговата желба да ми го честита Бајрам е показател на укажаното внимание. А грешката…..премина во традиционално семејно честитање.

Почитувањето е основа за убав и мирен соживот. Драги пријатели – Bajram sherif mubarek olsun. p.s. примам честиЧки.“

Loading...
Next Post

Кумата за свадбата потрошила многу пари: Она што за возврат го добила многу ја навредило, сите зборат за ова!

Обичајот да се има кум на свадба е поврзано со постарите верувања, кога младоженецот тргнувал да ја ”фати” невестата. Најчесто, неколку добри прилатели вклуќувајќи и еден лидер го подржувале, добро наоружани. Овие така наречени ”во-јници” го бранеле младоженецот од други мажи кои се обидувале исто така да одат по невестата, […]