Девојката со која го имал последниот разговор ја решава мистеријата со исчезнувањето на момчето од Сплит?

admin22
loading...

Во потрагата по исчезнатиот Матеј Периш од Сплит се вклучени единиците на српското МВР.


Инспекторите досега успеале да утврдат каде се движел Периш во критичната ноќ, но не и зошто.

„Се обидуваат да откријат зошто Матеј, одненадеж, без јакна и сам, излегол од клубот Готик, во кој бил со пријателите. Исто така, се обидуваат да добијат одговор на прашањето зошто Матеј трча по излегувањето од клубот”, објаснува изворот на Kurir.rs.


Тој додал дека одговорот на овие две, според некои многу важни прашања, би можеле да ги дадат пријателите на Периш, кои пред неколку дена го напуштиле Белград и се вратиле во Сплит.

„Тие во Србија беа испрашани неколку пати, минале и полиграфско тестирање, а секако повторно ќе бидат сослушани во Хрватска. Но, некои од нив моментално имаат коронавирус, па се чека да оздрават, за да можат да дадат изјави и да разјаснат уште некои нејаснотии”, рекол соговорникот на “Kurir” и додал дека е очигледно дека Матеј сакал некаде да оди, бидејќи се обидел за сопре такси, но потоа од сосема нејасни причини заминал кон реката, каде камерата последен пат го снимила.

Српските полициски инспектори и хрватските колеги истражуваат што и рекол Матеј Периш на сестрата на пријател од Сплит пред да исчезне.

Последниот телефонски разговор го имал со пријателка ноќта меѓу 30 и 31 декември, а полицијата смета дека таа може да ја разреши мистеријата на овој случај. Се слушнал со неа непосредно пред да замине од белградскиот клуб Готик, по што исчезнал.


Откако истражителите од Хрватска најавија дека ќе им помогнат на своите српски колеги во истрагата и ќе ги преиспитаат шестмина пријатели на Матеј со кои бил во Белград, посебно внимание ќе посветат на сослушувањето на девојката со која Периш го имал последниот телефонски разговор на кобната вечер знаејќи дека таа е сестра на неговиот пријател и дека се многу блиски, пренесува Курир.


– Припадниците на белградското МВР го прегледаа списокот со повици на Матеј Периш и утврдија дека тој е последен на списокот со пријателка од Сплит.

Таа не им ги откри деталите од разговорот и истакна дека едвај го слушнала од музиката. Хрватската полиција подетално ќе ја испита бидејќи верува дека барем приближно можела да им ја објасни причината поради која Матеј го напуштил клубот – вели извор близок до истрагата.


– Таа пред неколку дена објави фотографија и наводно се кае поради тоа. Сето ова е чудно и на некој начин сомнително, нејзината изјава што ја дала во полиција и се останато.

Таа изјавила и дека Матеј користел опијати, бидејќи сакал напорно да работи како капитен за да ја постигне посакуваната цел – наведува соговорникот.


– Не се знае зошто веднаш не се јавила во полиција и не кажала дека е во контакт со него, туку чекала да се извади списокот и да се направи целата анализа на телефонот на Матеј.

Матеј Периш исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември, кога излегол од клубот „Готик“ , па подоцна е снимен на шеталиштето каде се приближува до водата.


Имено, неговиот телефон бил лоциран преку сигналот на базната станица во 02:03 часот по полноќ во Сава, додека последниот телефонски сигнал бил во 02:05 часот точно во клубот од каде што истрчал.

Ненад Периш, таткото на исчезнатиот млад човек, се заблагодарил на српската полиција, како и на сите луѓе во Србија и Белград од кои добил поддршка и помош.

Сите го бараат Матеј, од полицијата до граѓаните, а неодамна беше вклучен и Интерпол.

Меѓу другите, во потрагата учествува и „Српската мрежа за опасност“, која за таа цел користи и термални камери.

Овие камери се користат за пребарување на жива личност во случај да се крие или е заробена некаде.

Неговите пријатели од Сплит го пријавиле исчезнувањето, па потрагата прво почнала во Белград, а потоа се проширила во Панчево, Смедерево и Пожаревац, пренесува српски Телеграф.

„Прво почнавме да ги пребаруваме реката Сава, нејзиното корито и крајбрежјето. Потоа Дунав низводно од Панчевскиот мост, но се уште нема напредок во истрагата.

Во потрагата се вклучени и колеги од Панчево, Смедерево и Пожаревац, кои ја пребаруваат реката и напуштените објекти покрај Сава и Дунав“, рекол неименуван соговорник кој Телеграф наведува дека е близок до истрагата.

„Потрагата сè уште трае, не само покрај реките во Белград, туку и пошироко. Информирани се и колегите од другите управи и секоја информација до која ќе дојдат се проверува и споделува, без разлика колку е чудна“, вели изворот.

Еден од нуркачите кој учестува во потрагата за српските медиуми сведочи за тешкотиите со кои се соочува тимот.

„ Не знаеме каде влегол, не знаеме што бараме. Не знаеме ниту дали воопшто влегол во водата. Важно е да знаеме каде се бара. Исклучително е тешко“ вели Срѓан Вериќ.

Додава дека практично е невозможно да се пребараат Сава и Дунав алудирајќи на големината на воденото пространство.

„На овие температури се нурка со одело. Оптималното време за нуркање е 30 до 60 минути. Но нашите нуркачи одат со срце па издржуваат и по два часа. Видливоста е мала, па половина час не е доволно“ – вели Вериќ.

Loading...
Next Post

Дoaѓaaт тешки денови за овие знаци од Зодијакот!

Покрај ретроградниот Меркур кој почнa на 14 јануари, на 18 јануари не очекува и полна Месечина во водениот знак Рак. Бидејќи секоја полна Месечина е поттик за кулминација на емоционалните состојби, оваа кај Ракот ќе биде многу предизвикувачка за сите хороскопски знаци. Знакот Рак во кој Месечината ќе биде полна […]