Џамбазов ја фотна Илина на плажа и ја сподели сликата – сите останаа ПОДЗИНАТИ (ФОТО)

admin
loading...

Илина Арсова е ликовен уметник и позната планинарка која во женска конкуренција има постигнато најголеми успеси во Македонија.

Освен Монт Еверест, таа досега се има искачено уште и на Килиманџаро, Мон Блан, Конгагва и на уште многу други високи планински врвов ширум светот.“

Ова го пишуваше на форумот на Кајгана во 2013 година, а Илина се присети на ова свое искуство на својот Фејсбук профил.

-На овој ден во 2013 година, во 3:15 наутро, стоев на врвот на светот, М Еверест 8848м. Додлгогодишните подготовки и многустраната поддршка, на крајот резултираа со успех и нов спортски момент за #Македонија.

Ви благодарам на сите кои ме бодревте и ме поддржавте во подвигот! Им благорам и на дечките кои ми даваа позитивни вибрации за време на искачувањето.

Имавме исклучителна привилегија врвот да го делиме само неколкумина. Честитки до сите. Ви благодарам што бевте со мене во искуството кое го смени мојот живот“, напиша нашата најпозната алпинистка.

Таа одржа многу емотивен говор на Златна Бубамара на популарноста минатата година, кога доби награда за спортски подвиг за нејзините освоени 7 врвови. Таа тогаш кажа:

– Заедно со овие врвови, сиве овие години наназад, се трудев некако да ги искачувам и врвовите длабоко во себе, што секој од нас ги носи, и тоа му го посакувам секому.

Научив да бидам среќна и без телефон, без интернет, без продавници и без пороци, и кога сум гладна, и кога ми е ладно. Но, најбитно од се, сфатив дека, промените коишто се случуваат во природата, всушност се случуваат многу полека. Ние живееме пребрзо.

Модерниот човек се затвори во згради, во казина, кладилници, казина, хотели, и тотално се дисконектираше од природата. Заборавајќи дека всушност таа е вистинскито избор на среќа, љубов и здравје без кои не можеме, нели?

Имаме прекрасни природни богатства, и ајде да ги сакаме маку повеќе, онака како што треба да се сакаме себеси, и животните, и сите други луѓе околу нас. Бидејќи човгек што не ја сака околината, не може да се сака ни себеси, и следствено не може да биде среќен.

И затоа со цело мое срце, и љубов и надеж, за една подобра иднина, оваа награда, ја посветувам на нашите најдрагоцени, Охрид и Преспа“, рече Илина во говорот на кој сите аплаудираа.

Сега, Арсова направи уште еден чекор за аплауз, а тоа е „Качувачка школа со Илина“ за која рече дека девојките имаат предност. Илина ги објави детали на својот Инстаграм профил и напиша:

-Девојки, ајде да качуваме! Никогаш не е предоцна ниту прерано. Возрасни жени или млади девојчиња, со или без искуство. Треба само желба. Пријавување на тел.

Во меѓувреме давајте предлози како да го крстиме нашиот прв женски качувачки клуб. Ве молам тагнете некоја заинтересирана амазонка или девојки што качуваат а не сум ги спомнала“, напиша таа а потоа многу мажи коментираа дека не е фер оти жените имаат предност.

Со згодното тело на Илина во костим за капење, се пофали Игор Џамбазов кој го сподели нејзиниот пост на стори на Инстаграм. Илина го покажа своето извајано тело и порача:

-Не дозволувај стравот да ти ја одземе слободата. Уживај во својот поеделник“, порача Илина од Охрид која е сликана на плажа.

Loading...
Next Post

Костадин кажа колку пари потрошил за патни трошоци

Вкупно, од конституирањето на Собранието во август лани, овој најнеефикасен пратенички состав, ја чини државата речиси 200 илјади евра заклучно со април. Си тече исплатата и за мај, иако седници има многу ретко, а ни комисиите не се искршија од работа, пишува сдк.мк Во април беше најхорор, кога пратениците од […]