Доаѓа еден од најголемите и најтешки христијански празници: Сите немажени девојки треба да направат една работа!

admin22
loading...

Според верувањата, 18 јануари точно на полноќ , ноќта, се отварало небото и на сите што будни ќе го дочекаат празникот, Бог ќе му ги исполни желбите.

Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековите. Од таа вода да се на леело, можело да се лекуваат многу болести. Ако пак, не се налеела во тој миг, водата можела да се „направи“ откако ќе се покрстела-осветела од свештено лице..

Празникот Богојавление почнал да се празнува во III век. на Исток, посебно во Египет. Може да се претпостави дека и православните на Исток го воспоставиа овој празник од свои побуди и причини. Во првата половина на XIV век. празникот Богојавление се слави на секаде, но во различни денови и начини.

За осветувањето на водата и за чудесата на осветената вода Св.Јован Златоус во својата беседа за крштевањето вели: „Овај е ден во кој Христос се крсти и ја освети природната вода. На полноќ на овој празник сите црпат вода и ја носат во своите домови и ја чуваат со години. Водата не се расипува“.

Според кажувањата на старите охриѓани, во тие денови, односно ноќи скитале умрените, караканџолите, вештерките, аветите, вампирите и сите тие нечисти сили правеле оргии.

Секој од нив, кого ќе го затекнеле ноќите надвор од дома, задолжително во појасот носел, лук, сол, леб или слично нешто како заштита од нечистите сили.

Водици се празнува два дена. Првиот ден 19 јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20 јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици. Како што забележал Кузман Шапкарев во минатото во Скопје бил познат обичајот капење на младоженците.

Првиот ден од празникот ги бањале зетовците и машките деца првенци, а вториот ден невестите и женските деца, исто така, првенци.

Овој обичај се изведувал на тој начин што ги носеле на реката Вардар, а таму попот по специјален обред ги попрскувал со пејана (светена) вода. Познато е дека на првиот ден од празникот по коледица одат само мажите, а вториот ден само жените.

Водици традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

Карактеристично за празникот Водици е што тој се празнува во поголеми или помали групи што се викаат кумпании, кумства или братства. Некаде тие групи се формираат по маала, а некаде по фамилии. Сите членови од компанијата се сметаат за роднини и меѓусебно се обраќаат со „светијоване“, „побратиме“ и сл.

Според дамнешните сфаќања што ги прифатила и црквата кумството е сродство па за кумовите како и инаку за крвните роднини важи законот за егзогамијата. Ако се земе предвид дека во христијанската религија Свети Јован го крстил Исус Христос значи тој го има кумството.

Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека во очи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби.

Бројни верници на Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите.

Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости.

Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.

Исто така, се верува дека сите девојки треба да направат тесто и да одвојат четири топчиња од него. Во три се става име на симпатијата, а едно топче останува празно.

Топчињата се ставаат во врела вода, а она кое прво ќе излезе горе ја кажува судбината.

Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна

Loading...
Next Post

Овие симптоми на Омикрон доведуваат до хоспитализација

Научници гледаат знаци дека алармантниот бран на Омикрон можеби го достиг нал својот врв во Британија и САД, по што бројот на новозаразени може да почне нагло да опаѓа. Причината за ова е што Омикрон станал толку многу заразен што можеби нема повеќе луѓе низ кои не поминал, само месец […]