Добил решение за изолација, наместо тоа, седнал во кола и тргнал за Швајцарија

admin

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, поднесе Предлог за издавање казнен налог против 44-годишен гостиварец кој го сторил кри вич-ното дело:

Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и на Основниот суд Гостивар му предложи на обвинетиот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.

„Обвинетиот на 5 мај 2021 година за време на епидемија, постапил спротивно на упатствата и прописите со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест ковид-19.

Тој се тестирал со ПЦР тест за присуство на SARS Cov 2, по што од извршените тестирања било потврдено дека е позитивен на вирусот и Државниот санитарен и здравствен инспекторат му издал решение за домашна изолација. Но, обвинетиот го напуштил живеалиштето и отпатувал за Швајцарија.

Обвинител од скопското Јавно обвинителство пак, поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетите биле затекнати како се движат надвор од своите домови во Скопје за време на важечкиот полициски час, со што ги прекршиле прописите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на ковид-19.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да определи парични казни од по 100 дневни глоби, при

што висината на една дневна глоба да ја одреди на 20 евра во денарска противвредност“, информира Обвинителството.

Loading...
Next Post

Конечно парички: До 15 Јули овие знаци ги чека финансиски пресврт

Ѕвездите велат дека некои хороскопски знаци ќе бидат многу среќни во јули и ќе добијат огромно наследство или ќе добијат на лотарија. Кои се хороскопските знаци со шанса да се збогатат? Близнаци Претставниците на овој знак долго време страдаат од недостаток на финансии. Тие работат неуморно, тие штедат, но се […]