Докторка од брза помош ја реши дилемата: Еве како да препознаете дали имате Ковид или грип

admin22
loading...

Докторите предупредуваат на невообичаен симптом кој веројатно укажува на омикрон сојот на коронавирусот, но откриваат и кои се најчестите симптоми на омикрон сојот кај невакцинираните луѓе.

Секоја нова мутација на коронавирус се појавува проследена со поразлични симптоми, а докторите предупредуваат дека со омикрон сојот се појавува уште еден симптом на коронавирус кој беше чест на почетокот на пандемијата, а потоа како да исчезна.

На самиот почеток од пандемијата, издвоени беа три клучни симптоми на коронавирусот – кашлица, температура и губење на сетилото за вкус и мирис.

Новите мутации предизвикаа нови симптоми, а едно време на листата на чести симптоми беше сместен и конјунктивит.

Нова година, нови мутации со нови имиња… Уште не изминал ниту првиот месец од 2022 година, а веќе има две ново откриени мутации на корона вирусот – „иху“ варијатата пронајдена во Франција и „омикрон 2“ пристутна во Британија. За нив светските здравствени институции и научници не знаат многу оти засега нема заразено голем број на луѓе, па сега не се означени како „загрижувачки“ од страна на СЗО.

Епидемиолозите и инфектолозите од светот велат дека не може да се процени колку долго трае заштитата од најновите варијанти од прележувањето и вакцината и дека одговорот за крај на пандемијата не може повеќе да се бара во масовното заразување.

„Има степен на заштита за одредено време, но тој период е релативен и не е стандарден за сите. По заразата степенот на заштита од човек на човек варира и токму таа варијација ни отежнува за да дефинираме кој всушност е заштитен. Имаме податоци за тоа дека вакцинираните кои се и прележани имаат повисок имунитет во однос на новите варијанти и не развиваат сериозна клиничка слика.

Тој имунитет е супериорен во однос на другите и трае подолго. Имаме и податок дека третата доза штити во однос хоспитализација и смртен исход за омикрон. Но, од сето ова може да се заклучи дека не може да се потпреме на масовно заразување за да не донесе до крајната цел односно „колективен имунитет“ или „имунитет на стадо“.

Дел од лекарите кои ги менаџираат ковид одделите пак, велат дека нема гаранција дека било кој од нас нема да се зарази, па затоа заштитата повторно треба да се бара во маските и дистанцата.

Во моментов заразени се околу 20.200 граѓани во земјава кои се евидентирани како активни случаи, а ова е рекорден број од почетокот на пандемијата. Во болница поради компликации од вирусот лежат над 500 граѓани.

Симптомите на коронавирус и грип се слични, но лекарите велат дека една важна работа ги разликува.

За проблемот да биде уште поголем во моментов е сезона на грип и настинки. Луѓето кои имаат барем некакви симптоми на почетоот не се сигурни дали се заразиле со коронавирус, грип или се само настинати.

Д-р Радмила Шехиќ, специјалист по општа медицина во Заводот за итна медицинска помош, за Курир.рс рекла дека на прв поглед е многу тешко да се разликуваат симптомите на грип и корона.

-За омикрон сега знаеме дека е многу поблаг од првиот сој коронавирус кој нѐ нападна, а тогаш беше целосно непознат. Омикрон е инвазивен, лесно се пренесува, но не е до таа мера смртоносен – вели д-р Шехиќ и додава:

-Вирусот – грипот со тек на времето мутираше, но благодарение на вацините остана како сезонско заболувње па е сведен на прилично блага форма.

Разликата меѓу него и коронавирусот е тоа што кај короната симптоматологијата е поизразена. Според нејзе вирусот корона не го напаѓа само респираторниот систем, туу предизвиува и заболувања и напад на виталните органи и ткива.

-Грипот и ковидот се разликуваат по интензивните тегоби. Голем замор, малаксаност, температура, главобола, вртоглавица, болки во мускулите по јачина поизразени кај ковид инфецијата. Воспалението на белите дробови настанува побрзо. Лечењето е исто, само што терапијата се проширува кон останатите нападнати органи, вели д-р Шехиќ.

Грипот има кратка инкубација, главно 24 до 48 часа, а короната обично од 5 до 7 дена, иако може да се случи и 14 дена, а во некои случаи и подолго.

Loading...
Next Post

Најнови детали од истрагата - Откриено e кој бил покрај Матеј Периш ноќта кога исчезнал?

Таткото на исчезнатиот Матеј Периш, 27-годишното момче од Сплит по кое се трага од 31 декември, и понатаму е во Белград. Тој за хрватските медиуми откри што мисли за пораките од другарите на неговиот син кои ги објавија некои медиуми, како и за тоа кои чекори моментално ги презема српската […]