Докторката која го откри омикрон сојот oткрива: 2 најчести симптоми кои ги погодуваат невакцинираните лица

admin22
loading...

Коронавирусот сè уште владее со планетата и додека сите зборуваат за омикрон сојот, експертите апелираат дека делтата и понатаму покажува голема активност и дека возможно е да се заразите и со овој „постар“ сој, кој дава потешка клиничка слика.

Симптомите на делта и омикрон се разликуваат, но како сите да заборавија на делта сојот, кој сè уште е активен, сè уште заразува луѓе, а предизвикува потешко заболување од омикрон сојот.

Докторите предупредуваат на невообичаен симптом кој веројатно укажува на омикрон сојот на коронавирусот, но откриваат и кои се најчестите симптоми на омикрон сојот кај невакцинираните луѓе.

Секоја нова мутација на коронавирус се појавува проследена со поразлични симптоми, а докторите предупредуваат дека со омикрон сојот се појавува уште еден симптом на коронавирус кој беше чест на почетокот на пандемијата, а потоа како да исчезна.

Кај пациентите вакцинирани против коронавирусот се појавуваат пет симтоми кога се заразени со омикрон сојкот, вели бротанскиот епидемиолог проф. Тим Спектор за The Conversation.

Станува збор, појаснува Спектор, за течење на носот, кивање, замор, главоболка и болки во грлото. Истовремено, само половоната заразени со омикрон сојот се пожалиле на класичните симптоми на зараза со коронавирусот како што се треска, кашлица и губење на миросот.

„Омикрон предизвикува симптоми кои повеќе налекуваат на обична настинка, особено кај луѓето кои се вакцинирани и помалку од оопштите системскисимптомиж“, вели епидемиологот.

Омикрон сојот на коронавирусот, или B.1.1.529, првпат беше идентификуван во Боцвана и Јужоафриканската Републија ланскиот ноември. Според стручњаците, тој е далеку позаразен од претходните варијанти на вирусот и со него може да се инфицираат и целосно вакцинираните.

Се шири побрзо и станува доминантен во 110 земји и региони во светот, а во Дансска и Шведска известија за идентификување негови подваријанти.

На самиот почеток од пандемијата, издвоени беа три клучни симптоми на коронавирусот – кашлица, температура и губење на сетилото за вкус и мирис.

Новите мутации предизвикаа нови симптоми, а едно време на листата на чести симптоми беше сместен и конјунктивит.

Подоцна конјуктивитисот престана да се појавува како симптом на овој вирус, а докторите сега предупредуваат дека токму тој е еден од показателите на омикрон сојот.

Симптомите на омикрон сојот главно се благи и наликуваат на симптоми на обичен грип, но со неколку невообичаени симптоми од кои најчест е конјуктивитисот.

Д-р Нина Аслам за „Mirror“ вели дека за омикрон карактеристично е тоа што голем број од симптомите се појавуваат на различни делови од телото, додавајќи дека омикрон сојот често ги „напаѓа очите“.

„Клеточните рецептори преку кои омикрон сојот влегува во телото се наоѓаат во поголем дел во окото. Прелиминарна студија во која имав увид покажува дека омикрон сојот има повеќе капацитет во телото да влезе по пат на очите во однос на другите варијанти“, вели д-р Аслам, додавајќи дека конјуктивитисот често се појавува дури и кај наизглед асимптоматските случаи.

„Тоа што е важно да се напомни е дека тие луѓе треба да се обидат да ги заштитат очите така што беспрекорно ќе ја одржуваат хигиената на тоа подрачје и така ќе обрнат внимание на сите промени. Доколку забележите дека окото ви е црвено, болно, дека се појавува слуз, важно е секогаш темелно да го исчистите со крпа која претходно сте ја потопиле во зовриена вода.

Доколку станува збор за благ конјунктивит, може да се послужите и со капки за очи или маст за да ги олесните вашите тегоби“, советува докторката и додава дека доколку станува збор за потежок случај на конјунктивит, потребно е да се обратите на доктор.

Најчести симптоми на омикрон сојот

ZOE ковид студијата покрај конјунктивит, како чести симптоми на микрон сојот ги наведе и:

– суво и болно грло;

– течење од носот;

– кивање;

– блага болка во мускулите;

– замор.

Некои од честите симптоми исто така се и затнат нос, осип, мачнини и повраќање, како и ноќно потење.

Сериозни симптоми кои бараат без одложување да се јавите на доктор се сивкаста, бледа или сина боја на кожата, усните и ноктите затоа што тоа може да укажува на ниско ниво на кислород во крвта.

Најчестите симптоми на омикрон сојот кај невакцинираните се:

Д-р Анџелика Коаеце, која е докторка веќе 30 години претседава со Јужноафриканското медицинско здружение (SAMA) и која прва го открила омикрон сојот, предупредила и дека најчести симптоми кај невакцинираните се главоболка и болка во мускулите.

Долгата борба со коронавирусот не предизвикува само физички проблеми, туку и емоционални и ментални.

Некои од луѓето кои прележале коронавирус пријавувале дека вирусот влијаел на нивната ментална и емоционална состојба, а еве кои симптоми најчесто ги пријавувале:

– проблеми со спиењето – најчесто се појавуваат кај оние кои лежеле во болница затоа што тешко е да се спие во ковид одделенијата;

– проблеми со менталните способности – заборавеност или неможност јасно да мислат;

– чести промени во расположението, депресија или анксиозност;

– кошмари;

– посстраумски стресен синдром;

– конфузија или делириум.

Доколку и по прележување на коронавирусот ги чувствувате симптомите, секако дека најдобро е да се обратите кај доктор за да ви објасни дали постои начин одредени симптоми да се ублажат.

Loading...
Next Post

„Вреќа полна пари, а јас сум НАЈТАЖНА на светот“: Злата Петровиќ плачеше со месеци поради овој настан

Фолкерка Злата Петровиќ има два сина од два брака, а првиот го доби на 18 години, со нејзиниот колега Хасан Дудиќ. Веќе на 14-годишна возраст, Злата за првпат се омажила за човек кој не го сака, по наговарање од нејзините родители. Штом завршила осмо одделение, нејзината мајка и очувот го […]