ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНА ФОТОГРАФИЈА: Како ќе изгледаше СФРЈ доколку се оствареше планот на Тито

admin22
loading...

Некои со носталгија се сеќаваат на Југославија и сметаат дека тогаш се живееше подобро од сега. Други, пак, сметаат дека тоа била „уметничка градба“, која со сила ги терала народите да живеат во една држава.

Меѓутоа, кој знае каква ќе беше судбината на Југославија доколку се оствареше планот на Јосип Броз Тито.

Некои историчари сметаат дека Тито сакал уште поголема и помоќна Југославија, која ќе била светска сила.

Историчарката Сабрина Рамет минатата година кажа дека Тито ќе создадел голема Југославија. поточно, во составот на Југославија ќе биле делови од денешна Грција, Албанија, Бугарија, дел од Австрија и многу други делови.

Јосип Броз Тито (7 мај 1892 — 4 мај 1980) е југословенски комунист и лидер на комунистичка Југославија од 1945 година до смртта во 1980 година.

Во текот на Првата светска војна е мобилизиран во австро-унгарската војска и е испратен прво во Србија, а потоа на Источниот фронт. Во 1915 година е заробен од руските војски и е испратен да работи во камп на Урал. Ослободен е во текот на Февруарската револуција. Во април 1917 година е уапсен за организирање демонстрации за воените затвореници, но набрзо успева да побегне. Го прифаќа ленинизмот и им се придружува на демонстрациите во Санкт Петерсбург на 16-17 јули 1917 година. Во обид да избега во Финска е уапсен и затворен во тврдината Петропавловск на три недели, по што е испратен во Сибир. Повторно успева да побегне и во ноември во Омск им се приклучува на црвеногардејците. Во март 1919 станува член на југословенската секција на Руската комунистичка партија.

Во септември 1920 се враќа во Југославија и станува член на наскоро забранетата Комунистичка партија на Југославија. Станува активист во синдикалното движење. Во мај 1927 година е избран за секретар на Обласниот одбор на Сојузот на металците, а во јули истата година за организациски секретар на Градскиот комитет на КПЈ за Загреб. Во август 1928 година е уапсен и во ноември е осуден на 5 години робија. По излегувањето од затвор, во јули 1934 заминува за Виена, каде што станува член на Централниот комитет на КПЈ.

Loading...
Next Post

ЅВЕЗДИТЕ СЕ НА ВАША СТРАНА: Овие хороскопски знаци ќе бидат НАЈСРЕЌНИ на крајот од месец Февруари

Риби Февруари е поволен период бидејќи вие тоа го заслужувате. Една, а можеби и повеќе работни можности, овој месец ќе ви тропнат на вратата. Немојте да се воздржувате да покажете се што можете. Ќе имате доволно енергија да завршите се што ќе започнете. Ве очекува добивка од игри на среќа […]