Драматично предупредување на епидемиолозите: До 15 август вратете се од годишен одмор!?

admin22
loading...

Шефот на словенечкиот Институт за јавно здравје, Милан Крек, вчера, на прес-конференција предупреди дека новите варијанти на вирусот се раширени во целиот свет и дека делта-варијантата предизвикува најголема загриженост.


„Луѓето треба да бидат многу внимателни кога планираат патувања. Нека го следат текот на епидемијата, кој многу бргу се менува“, рече тој.

Според него, четвртиот бран е веќе почнат, пренесе порталот 24ur.

Еден од јајпознатите словенечки епидемиолози, Милан Крек, им порача на граѓаните на Словенија, до 15 август да се вратат од одмор. Бидејќи епидемиологот не споменал на кои туристички дестинации мисли ниту прецизирал дали тој препорачува да останат дома и тие кои се вакцинирани, неговата изјава предизвика многу реакции.


Епидемиолошката ситуација во Словенија се влошува. Само во последните 24 часа потврдени се 111 новозаразени.

Епидемиологот Милан Крек, кој го води словенечкиот институт за јавно здравје препорача Словенците да не одат на одмор во странство по 15 август.

– Сите кои одат на одмор во странство им препорачувам да се вратат до 15 август – изјавил Крек на владината прес-конференција за новинарите на која се зборувало за опасноста од нов бран поради делта сојот, како и за потребата да се забрза вакцинацијата на населението за есента да биде безбедна.


Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклокар подоцна за државната телевизија изјави дека Крек сакал да ги предупреди оние што заминуваат во странство дека ниту една земја, па дури ниту оние со поголема вакцинација од Словенија, немаат стекнато колективен имунитет или посакуваното ниво на вакцинација што би ги заштитило луѓето од позаразните соеви, а исто така како и желба на есен да нема затворање на образовниот систем, како минатата и оваа година.


Нешто поинакво е толкувањето на главниот епидемиолог во владиниот експертски тим, Матеја Логар. Таа истакна дека Крек сакал да нагласи оти на одмор граѓаните треба да се однесува одговорно и да се избегнуваат ризични собири.

Ако се однесуваме на безбеден начин, тогаш можноста за внесување на вирусот во Словенија е помала. Апелирам до сите да се однесуваат одговорно и на годишен одмор и да ги почитуваат основните мерки, за да можат да заминат на одмор по 15 август, изјави Логар.

Изјавата на Крек исто така предизвика и реакции на опозицијата, која често се жали на Владата и нејзините претставници за неконзистентност или несфатливост на мерките и слаба комуникација со граѓаните, а понекогаш и заострена реторика што ги „плаши” обичните луѓе.


Пратеникот од социјалдемократите (СД), Дејан Зидан, поранешен претседател на партијата и поранешен претседател на Парламентот, побара писмено објаснување од владата за предупредувањето на Крек.

Loading...
Next Post

Секој зодијак одговара на САМО ЕДЕН ЗНАК што му го исполнува животот - НА ОВИЕ АСТРО ПАРОВИ им е судбина да се заедно

Секој хороскопски знак одговара на еден знак што го прави неговиот живот исполнет. Затоа ви донесуваме кои хороскопски знаци се надополнуваат како карактер, и заедно прават идеални партнери. Овен На овој хороскопски знак му е потребна Девица – разумна, внимателна, внимателна, сигурна и грижлива. Партнер на Девица ќе влијае на […]