ЕДЕН ЧУДЕН СИМПТОМ на омикрон сојот е ПОСЕБНО АЛАРМАНТЕН, ако го приметите кај вас – веднаш одете на доктор!

admin22
loading...

Секој четврти тестиран, според последната статистика на МЗ, е позитивен на Ковид-19, а 68 проценти од секвенционираните примероци се со новиот сој на вирусот – омикрон.

Вчера беа евидентирани 1.822 нови случаи на Ковид-19, од направени 7.123 тестови. Регистрирани беа тројца починати, а 668 оздравени пациенти. Активни се 13.478 случаи.

Според последните податоци во земјава, омикрон варијантата на коронавирусот e детектирана кај 68 отсто од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје.

Омикрон сојот е откриен во 12 градови – во Скопје, Охрид, Кочани, Тетово, Велес, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Виница, Неготино и Битола.

Според извештаите од болниците, на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41 процент повеќе во споредба со претходна недела.

Исто така, зголемен е и бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, а бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти. Според епидемиолошките анкети, најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај три дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат.

Досега во земјата се направени вкупно 1.679.890 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 238.061. Бројот на оздравени пациенти е 216.521, а на починати е 8.062.

Комисијата за заразни болести засега нема предлози за нови мерки, ниту за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

Се разгледува и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година, но одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата.

Надлежните апелираат до граѓаните кои чувствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се изолираат за да спречат ширење на вирусот.

Омикронот полесно го избегнува имунитетот на домаќинот отколку делта сојот на коронавирусот, што објаснува и зошто побрзо се шири, се наведува во истражувањето на данските научници објавено минатата недела.

Од откривањето на омикронот во ноември, научниците настојуваат да утврдат дали предизвикува полесни симптоми на болеста и зошто се чини позаразен од делта сојот.

Постојат различни причини поради кои вирусот полесно би можел да се пренесува како на пример колку долго лебди во воздухот, колку е способен да се врзува за клетките, како и колку добро го избегнува имунолошкиот систем на домаќинот.

Истражувањето, под водство на научници од Универзитетот во Копенхаген, главната организација за статистика „Статистик Денмарк“ и серолошкиот институт „Стејтен Серум Институт“ (ССИ) укажува на тоа дека главната причина за забрзаното ширење на овој сој на вирусот е неговата способност да го избегнува имунитетот стекнат преку вакцините.

„Нашите откритија потврдуваат дека брзото ширење на омикрон сојот можеме да го припишеме на способноста на заобиколување на имунитетот, а не на инхерентното зголемување на преносливоста“, тврдат истражувачите.

Данските научници претходно заклучија дека омикронот е помеѓу 2,7 и 3,7 пати позаразен од делта сојот, помеѓу вакцинираната популација.

Помала е веројатноста вакцинираните лица со трета доза да го пренесат вирусот

Истражувањето исто така открило дека, независно за кој сој на вирусот станува збор, помала е веројатноста дека оние вакцинираните и со трета доза ќе го пренесат вирусот отколку оние кои не се вакцинирани.

„Иако е полесно пренослив, омикронот предизвикува поблаг облик на болеста“, изјавила за медиумите Тајра Гроув Краус, техничка директорка на „ССИ“.

Таа додала и дека ризикот од хоспитализација поради омикрон сојот е двојно помал отколку кај делта сојот, но поради зголемениот број на заразени, здравствените системи и понатаму е под притисок.

Слични податоци се јавуваат и во други истражувања за омикронот.

Списокот на симптоми на омикрон е долг, и иако повеќето се минливи и не предизвикуваат тешка клиничка слика, има неколку на кои треба да внимавате. Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) предупреди дека доколку заразено лице развие специфична состојба на конфузија, мора веднаш да биде хоспитализиран.

ЦДЦ истакна дека ова е „знак за предупредување за итни случаи“ и ве советува веднаш да побарате помош доколку забележите дека вие или некој ваш близок има знаци на збунетост.

Американскиот центар исто така посочува дека секој кој има проблеми со дишењето, постојана болка или притисок во градите, неможност да остане буден или има бледа или модерна кожа, усни или нокти, треба да се јави во тимот на брза помош.

Иако е важно да се внимава на предупредувачките знаци за сериозна форма на болеста, студиите покажуваат дека омикронот е сепак поблаг во споредба со другите соеви, пренесува „The Sun“.

Проблемот е што претходните варијанти на корона вирусот беа полесно да се идентификуваат бидејќи симптомите беа поспецифични, додека видот омикрон лесно може да се помеша со грип или настинка.

Горенаведената ненадејна конфузија, односно делириум е симптом кој и претходно се јавувал кај пациенти со КОВИД, а најчесто кај постари лица и јасно укажувал на потребата од лекарска помош. Делириумот е честа реакција на инфекции и болести кај постарите лица, а може да биде предизвикана од дехидрација, ниско ниво на кислород или нарушен баланс на сол во телото.

Постојат два вида на делириум кои се сосема очигледни ако внимаваме на однесувањето на блиска личност.

Првиот е хиперактивен делириум кога пациентот се однесува вознемирено, чудно, дури и агресивно, како да не е истата личност. Вториот е хипоактивниот делириум кој е почест и потешко забележлив, а пациентот е исклучително мирен, поспан, повлечен и слаба реакција на случувањата околу него.

Кога станува збор за омикрон, делириумот никогаш не е единствениот симптом, има и замор, општа слабост, болки во грлото, главоболка, проблеми со дишењето…

Loading...
Next Post

Од Австралија се огласи Маја Вукичевиќ: Пејачката скршена од болка

Вчера на 68-годишна возраст од пневмонија почина Горјан Тозија – Медо, поранешен директор на Агенцијата за филм. Тозија беше филмски продуцент. Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“. Тозија беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во министерството за […]