Една грешка многу скапо ме чинеше – За него животот продолжи, но мојот заврши кога Дамјан ја затвори вратата

admin3

Јас сум Елена. Имам 35 години. Го имав најсовршениот маж до мене, Дамјан кој е олицетворение на љубов, топлина, разбирање, почит и среќа и кого поради една глупост го изгубив, а тој си замина засекогаш.

Со Дамјан бевме излезени во град во еден познат Скопски локал. Тој не сакаше многу да излегува во гужви но за мој мерак дојде.

На времето пред да се земам со него јас излегував многу често во град и да бидам искрена имав многу додворувачи но и партнери со кои се забавував само за една вечер. Кон Дамјан бев отворена и тој знаеше се за мене.

Таа вечер се забавуваме со нашето друштво, пиевме виски и се беше совршено. Во еден момент почуствував мачнина и отидов до тоалетот. Секогаш одам со другарки во тоалет но тогаш така испадна и отидов сама.

Додека чекав ред во женското веце, нечии раце ме прегрнаа и ги слушнав добро познатите зборови кои веќе 10 години ми ги тресеа рацете и нозете:„ Малечка, те посакувам, морам да те имам вечерва“.

Тоа беше Синиша. Мојата прва љубов која никогаш не ја заборавив и мислам дека никогаш нема ни да ја заборавам.

Само од неговиот здив се тресев, само на неговите зборови пагав, само на неговите очи и усни не можев да одолеам. Го немав сретнато година дена откако се омажив, но ете таа вечер тој ме најде.

Не издржав, го турнав во еден од тоалетите и се препуштивме на страстите. Лудував и скренував, а задоволството беше огромно.

Кога излегов од тоалетот Дамјан ме чекаше надвор, се загрижил бидејки ме немаше подолго време. Само што ме погледна знаеше што се случува. Не изусти збор, само ја отвори вратата од локалот и замина.

Никогаш повеќе не ме побара, а јас никако не можев да стапам во контакт со него. Последно што разбрав е дека отишол во Канада да живее. Си го упропастив бракот и животот.

Една грешка несвесна многу скапо ја платив. Само се надевам дека некогаш повторно ќе го видам среќен. Навистина погрешив и се каам но залудно е сега. Продолжив со животот и се посветив на работата и мојата страст – пишувањето.

Loading...
Next Post

Благојчо: Во Гевгелија пред некој ден седнав во кафуле - кога го отворив менито останав без зборови

Наш читател по име Благојчо, пушти во порака текст во кој сведочи што му се случило пред неколку дена при посета на Гевгелија. Почитувани, решив ова да го споделам со сите вас бидејќи мислам дека работава не е така позната, а и верувам ќе ви привлече внимание. Имено пред неколку […]