ЕДНО ГОЛЕМО БРАВО ЗА ДНК: Од СРЦЕ за Далиборка

admin22
loading...

Драги наши, пред точно 23 дена преку продажба на нашите ДНК дела ( CD и DvD ) ја започнавме кампањата за поддршка и подигнување на свеста за Македонската музика во време на пандемија каде ние заедно со останатите колеги музичари сме дефинитивно најпогодени од самиот старт на кризата.

Иако како DNK немаме приходи, оваа акција решивме делумно да биде од хуманитарен карактер и поголемиот дел од средствата ги донираме на фамилии на кои тоа навистина им е потребно. На почетокот, тоа неќевме да го објавиме, туку сакавме да видиме дали и во колкав број би не поддржале чисто заради нас и нашата музика. 😊 Денес со гордост ќе ви кажеме дека сите вие кои не поддржавте со купување на нашите ДНК изданија ( преку 200 ) всушност сте дел од оваа приказна и финансиска помош што ја дадовме на Г-ѓа Далиборка Кузманова која за жал остана самохрана мајка на прекрасните Тино и Тео ( 1.5 и 5годинки ) кои го изгубија својот татко како последица од корона вирусот. 😞

За нештата да бидат покомплицирани на “терет” има станбен кредит кој Далиборка сама никако не може да го исплаќа. Ние сме ви преблагодарни за досегашната поддршка која ни ја дадовте, а исто и они тројца, па тука ќе го оставам нејзиниот контакт телефон 078 305550 за оној кој може, сака и има одвишок да ја контактира и помогне на Далиборка да успее да си го сочува огништето. Сопругот и таткото за жал не може да им го вратиме но барем оние мали спомени кои ги имале во новиот стан да направиме да останат засекогаш тука.

На сите вас 200+ луѓе ви се поклонуваме до земја и убедени сме дека тука нема да застанеме, ја знаете процедурата за нарачки / поддршка и заедно продолжуваме понатаму.💪🏻

Да ве потсетиме за оние кои не се запознаени како се прават нарачките:

Изданијата можете да ги купите и нарачате исклучиво онлајн на нашата ФБ фан страна DNK и на нашите приватни ФБ и инстаграм профили @djshortypofficial @andrejdnk . Доставата ќе биде биде бесплатна низ цела Македонија, а во Скопје ќе бидат доставени лично од нас ☺️ Секаков вид на поддршка од ваша страна ќе ни биде добредојдена, дури и само ако го споделите постот и ја проширите приказната да допре до што повеќе луѓе 🙏

Daliborka Kuzmanova

ПС- Маските ги извадивме само за фотографијата и затоа што бевме на отворено.

Loading...
Next Post

Научниците објавија колку е всушност стар коронавирусот, луѓето не знаат дека овој вирус постои повеќе од…

Молекуларни биолози од Кина, САД и Европа ги споредиле геномите на неколку десетина вируси најсродни на SARS-CoV-2. Тие откриле дека неговите претходни облици се одвоиле од заедничкото еволутивно стебло на вирусот кај лилјаците прилично одамна, пред 40 до 70 години. Тим на молекуларни биолози предводени од Дејвид Робертсон од Универзитетот […]