Елида од Драч открива како станала невеста во Македонија: Не гледав колку е убав или колку коса има на глава

admin22
loading...

Обесхрабрени од социјалните правила кои велат дека жената да остане немажена е огромен срам, голем број на Албанки во последниве неколку години решиле да си ја бараат среќата во љубовта надвор од границите на нивната држава. Па така, бројкот на склучени бракови помеѓу Албанки и Срби од ден за ден се зголемува, пишува Блиц.рс.

Нарачката на невести од соседна Албанија, практика која е доста популарна кај повозрасните ергени, во последниот период се покажа како неисплатлива бизнис инвестиција. Расте бројот на незадоволни граѓани поради непочитување на договорот за брак од страна на невестите.

Еден човек од рожајско село, кој сакал да остане анонимен „поради наводна срамота“, тврди дека дал 2500 евра за да ја ожени девојката од околината Скадра, но дека невестата никогаш не ја видел.

-Ги предупредувам сите кои се одлучиле на овој чекор да добро пазат да не минат како јас – вели овој човек и напоменува дека веќе четири негови пријатели и комшии се женеле со Албанки.

-Се покажаа како добри жени, мајки и домаќинки. Нашите жени не сакаат на село, па одлучив да и јас донесам Албанка. А за тоа треба „посредник“, некој кој ги знае нивните прилики и кој ќе гарантира за вас и преводот.

Така дојдов до еден човек од Андријевце за кого ми рекоа дека со таа работа успешно се занимава со години – вели тој и тврди дека „посредникот“ му барал 3000 евра, кои наводно ги дал на непостоечко семејство.

Саша се ожени со Албанка независно од многуте предрасуди. Вели дека нема лоши Албанци, Македонци или Срби, туку има

Во потрага по подобар живот, во 2012 година, Елида Хоџа од албанскиот град Драч дојде во Македонија и се омажи за Саша Алексиќ, по потекло Србин.

Таа сега живее во домот на нејзиниот сопруг кој е 17 години постар од неа, во селото Старо Нагоричани, во руралната општина со истото име, во близина на границата со Србија.

– Роднина на татко ми дојде кај нас и ме праша дали имаш желба да се омажиш, да имаш семејсто. Му реков да. Ми одговори дека имал еден пријател од Македонија со име Саша доколку сакаш да го запознаеш ќе го донесеме тука да се запознаете. Реков нема проблем нека дојде.

Саша дојде во Албанија, се видовме еден со друг. Што да видам фамилијарен човек, домаќин. И ние го гледаме човекот дали е фамилјарен, а не колку е убав или колку коса има на глава. Туку битно е да е човек. Се видовме, си се допаднавме и направивме веридба – раскажува Елида за весникот „Лајм“.

Таа додава дека семејството на Саша е многу добро. Елида се грижи за домот, за добитокот, за родителите на Саша и вели дека е среќна покрај нејзиниот сопруг со кого има три деца. Данило, Сергеј и Анастасија не знаат многу зборови на албански, иако и двајцата родители, Елида и Саша, инсистираат да го учат и мајчиниот јазик.

Саша се оженил со Албанка независно од многуте предрасуди. Вели дека за него нема лоши Албанци, Македонци или Срби, туку има добри или лоши луѓе.

– Не ми е важно што мислат соседите, роднините, пријателите, јас живеам со сите добро – вели Саша.

Освен за добитокот и домашните обврски, Елида се грижи и за родителите на Саша. Тие, пак, велат дека се презадоволни од нивната невеста.

Елида раскажува како се грижи за родителите на нејзиниот сопруг и додава дека тоа и е обврска оти е невеста во оваа куќа.

Loading...
Next Post

Октомври им носи пари на овие 3 хороскопски знаци: Очекувајте среќа и успех во кариерата и финансиите

Октомври ќе биде период на изобилство, среќа и просперитет за многу хороскопски знаци, но според астролозите, само 3 хороскопски знаци ќе го најдат патот до парите и богатството. Бик Биковите ги очекуваат големи понуди и пријатни состаноци. Тие можат да го оптимизираат целото работно време на најдобар можен начин. Бикот […]