Еве кои документи се потребни за да се добие бесплатен ваучер за на одмор

admin

По принципот „прв дојден, прв услужен“ 1250 граѓани кои ќе добијат туристички ваучер од 200 евра ќе може да летуваат во некои од домашните туристички центри.

За да добијат ваучер ќе мора да бидат брзи, организирани и трпеливи бидејќи се бараат доста документи.

„Прв дојден, прв услужен“. Граѓаните кои имаат интерес за летување во домашните туристички центри веќе можат да аплицираат и да добијат туристички ваучери во вредност од 12 000 денари. Ваучери ќе има за 1250 граѓани.

Главниот услов кој треба да се исполни е месечниот приход на кандидатот за туристички ваучер да не биде поголем од 30 000 денари.

Министерството за економија веќе го објави повикот за реализација на оваа мерка за која се издвоени 15 милиони денари.

Но, судејќи според потребните документи за пријавување на јавниот повик, потенцијалните кандидати ќе мора да одвојат време и добро да се организираат за да ги соберат потребните документи доколку сакаат да добијат ваучер за летување..

Па така за учество по Јавниот повик работниците со ниски приходи – баратели до Министерството за економија треба да достават: пополнет образец за барање, потврда од

работодавецот за висината на исплатена плата, извод од банка за последните три месеци и за членовите на потесното семејство доколку се вработени или добиваат пензија, извод на матична книга на родените;

Понатаму за подносителот на барањето доколку аплицира со брачен пар треба да достави извод на матична книга на венчани, доколку аплицира како разведено лице

треба да достави пресуда за развод на брак издадена од надлежен суд, доколку аплицира сам во случај на смрт на брачниот пар треба да достави извод на матична книга ум ре-ните.

Покрај тоа потребна е потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за членовите на потесното семејство над 18 години доколку не се вработени да се достави документ од АВРМ;

Фотокопија од лична карта или патна исправа за подносителот на барањето и членовите на потесното семејство кои заедно со него ќе го користат одморот; изјава дека:

Барателот лично или со членовите на потесното семејство кои се наведени во барањето ќе го користат одморот, за деца под 18 години се доставува извод од матична книга на родени, како изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци (заверена на нотар)

Loading...
Next Post

До 12 јули: Тешко предавство за овие хороскопски знаци

Ова се бурни денови за сите хороскопски знаци, а особено за следните три. Рак И покрај фактот дека ќе биде многу профитабилен и мирен месец јули за Ракот, тие нема да можат да избегнат предавство. Напредокот во кариерата може да ја влоши ситуацијата во личниот простор и семејниот круг. Нема […]