Еве кој македонски фолк пејач за една вечер добил 9 000 евра бакшиш

admin22
loading...

Кога ќе се спомене името на фолк пејачот Наум Петрески, веднаш буди спомени и емоции кај многумина, особено кај неговите обожаватели и фанови.

Петрески важи за еден од најпознатите македонски фолк пејачи. Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал и многу концерти ширум светот, особено онаму каде што живеат Македонци, во Австралија и Америка.

Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.

Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.

Кризата поради пандемијата економски не погоди, откако трае забраната за настапи живееме со платата на сопругата Зуица, со пензијата на мајка ми и со она што сме го заштедиле.

Јас оваа година имам загуби од околу 60.000 до 70.000 евра – е изјавата на популарниот фолк пејач Наум Петрески, која се најде во центарот на вниманието и предизвика низа на реакции од јавноста.

Додека едни покажаа разбирање поради лошата состојба во која се најде естрадата, голем е бројот и на оние кои на Петрески му порачаа да престане да се жали и да си најде друга работа додека трае кризата.

Честите коментари во кои граѓани му предлагаат да се вработи како молер или пак такси возач, додека е актуелна забраната за настапи во угостителски локали, но и пораките дека сега е време кога треба да се зачува здравјето, и на народот не му е дојдено до забава, Наум вели дека повеќе не ги ни чита.

За „Фокус“ раскажува дека кој не сака да слуша македонска музика, што се однесува до него, може да си слуша странска, и е изненаден што дошло време кога, како што вели, е напаѓан поради тоа што цел живот инвестирал во домашната музика.

-Повеќе не ги читам лошите коментари во кои ме напаѓаат. Никогаш не сум сакал да се експонирам, ниту пак ми требал публицитет, но многу бргу се заборава кога човек помагал, донирал, пеел хуманитарно.

Фолк ѕвездата Наум Петрески за време на неговата кариера која трае над три децении, доживеал многу добри и лоши нешта.

Така изгледа животот на музичарите и пејачите, кои во текот на животот се среќаваат со луге со различни карактери.

„Беше многу одамна, во Вечани. Вечерта земавме околу 12.000 марки и околу 3.500 швајцарски франци“, раскажа Наум во емисијата „Еден на Еден“, .

Во ова шоу тој раскажува многу анегдоти од неговата авантура како ловџија и риболовец, многу приказни од патувањата низ светот, а Наум неколкупати го има прошетано светот од Америка до Австралија, секаде каде што живеат Македонци.

Loading...
Next Post

Андријана Алачки објави приказна за стариот и изнемоштен татко

Адријана Алачки е автор и водител на емисијата „Вкусот на традицијата“, а таа го направи и првиот македонски традиционален готвач, кој ги опфаќа рецептите од нашите мајки и баби. Таа неодамна најави и втора книга: „За сите мои верни гледачи и следбеници веќе 11 години, ќе им подарам книга која […]