Еве што прави Орце Гелевски откако се остави со Ирена Спасовска

admin22
loading...

Долги години беа во врска фолк пејачката Ирена Спасовска и водителот и уредник во МТВ Орце Гелевски. Тие важеа за еден од најстабилните парови на сцената.

Јавноста беше изненадена по веста за нивното раскинување. Пред две години, кога ставија крај на љубовта, Гелевски за „Фокус“ прозборе на оваа тема.

-Долго молчев на темава. Решив да проговорам сега и да ставам крај на ова поглавје во мојот живот. Време е да се свртиме кон нови, поведри теми во иднина.

Во врската со Ирена вложив многу. Оставив зад себе сопруга и две деца, и се посветив максимално, верував дека ќе ми биде возвратено со иста мера, со љубов и посветеност.

Но, ете животот ме демантираше. Ова ми беше животна лекција која скапо ја платив, но продолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката. Не ме прашувајте која е причината поради која се разделивме, доволно се објави во порталите на таа тема.

 

Да, неверство, но не од моја страна. Не сакам повеќе да се навраќам на тоа што било и поминало, само ќе кажам дека јас имав голема верба во нашата врска, во која што влегов со искрени емоции. Жртвував многу, а добив една животна лекција“, рече Гелевски пред две години.

Ирена, додека беа заедно зборуваше за нивните заеднички патувања, за шопингот низ Европа на кој одеа заедно, и изјавуваше дека се многу среќни, додека траеше. И таа даде своја изјава за „Фокус“.

„Жал ми е што се најдовме во центарот на вниманието за една ваква тема, или попрво би рекла недоразбирање. Приказните за трета личност во нашата врска воопшто не се вистинити, а мене најмногу ме повреди тоа што Орце не ме заштити од сите напади, лажни обвинувања и пишувања во медиумите. Очекував тој како маж да ме заштити, да не дозволи некој да си игра со мојата чест и да се објавуваат невистини.

 

Поради мојата професија, јас сум во контакт со многу луѓе, колеги, музичари, настапуваме заедно. На оваа возраст, по сите години минати на естрадата, јас не можам да се правдам и да објаснувам што било, а што е само шпекулација.

 

Треба да се има доверба. Орце е добар човек, и мислам дека токму поради таа негова добрина тој не успеа да одговори на нападите врз мене, да ги спречи.

Само јас си ја знам вистината, и мене дури и зборот неверство ми звучи грдо и не сакам да се спомнува. Но, овие лоши случувања се зад мене, продолжувам напред сама, периодов ме очекуваат многу настапи и турнеји, посветена сум на кариерата“, раскажа Спасовска за „Фокус во 2018 година“.

 

Сега, Ирена продолжи со настапите кои беа прекинати на почетокот од пандемијата, а Орце со обврските во забавната редакција на МТВ, околу емисијата „Фолк џубокс“, која ја води заедно со колешката Тања Петровска. Орце неодамна во „Женски магазин“ раскажа дека ужива во кафето со своите колешки.

„Првото утринско кафе во текот на работните денови го пијам со моите колеги и колешки, со кои навистина имам убава соработка и со кои пред сé разговараме и коментираме за нашите проекти, за нашите емисии,за убавите реакции, но нормално и за проблемите, со кои сите ние се среќаваме и како сето тоа да го решиме и надминеме“, рече Орце.

 

Во истото интервју, тој зборуваше и за она што го прави најсреќен во овој период. „За среќа со моита два сина, за кои сакам да истакнам дека сум навистина горд татко, тие се веќе фамилијарни луѓе, и со нив живееме во близина и речиси сме постојано заедно, посебно во ова време кога треба да им се помогне околу нивните ќеркички – нашите две прекрасни принцези – Калина и Јана, кои навистина ги променија нашите животи во улога на дедо и баба!

И секако сосема е точна онаа констатација дека внуците, како да се сакаат повеќе од своите деца. Како млади како да немавме доволно време за нив и сега сета топлина, сета љубов им ја даруваме на нашите две мали прекрасни внуки од кои ја добивам најголемата мотивација, енергија, радост,среќа – едноставно тоа чувство не може да се опише !“, рече Гелевски.

Loading...
Next Post

ПОВТОРНО ГОЛЕМИ БРОЈКИ: 1120 новозаразени од Ковид-19 и 28 лица починати

Во последните 24 часа се направени 2993 тестирања, а регистрирани се 1120 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 507 -Куманово 60 -Штип 30 -Прилеп 52 -Тетово 37 -Струга 35 -Велес 31 -Битола 36 -Охрид 49 -Кавадарци 33 -Гостивар 56 -Гевгелија 8 -Струмица 43 -Крива Паланка 6 -Радовиш 10 -Крушево 3 […]