Фатиме Фетаи избрана за виш јавен обвинител

admin22

На денешната седница на Советот на јавните обвинители се избраа и петмина обвинители во Вишото обвинителство.

Во ова обвинителство отсега дел ќе биде и обвинителката Фатиме Фетаи, за која гласаа 9 членови од Советот.

На денешната седница за виш јавен обвинител беше избран и Наум Пановски, кој доаѓа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а беше избран со 10 гласови, како и Сашо Рајчев, актуелен шеф на скопското јавно обвинителство, за кого гласаа 11 членови.

Дел од овој тим станува и Бурим Рустеми, од поранешното СЈО, кој беше избран со 10 гласови. Петиот избран обвинител е Снежана Бундалевска Георгиевска, која беше избрана со 11 гласови.

Советот на јавните обвинители на денешната седница избра и 5 обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тројца од нив се поранешни обвинители од СЈО, односно Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

На денешната седница во тимот на Вилма Русковска беа избрани и Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ.

Loading...
Next Post

КОЈА Е ТАА: Само една доза вакцина за оние кои прележале ковид

Луѓето на кои им е потврдено дека имаат дијагностициран Ковид-19, ќе добијат само една доза вакцина за коронавирус шест месеци по надминувањето на болеста, според новите упатства издадени денес од советодавен комитет за имунизација. Инструкциите се издадени на центрите за вакцинација веднаш откако седум европски земји одлучија да го сторат […]