ФБ статус на Марко: “Ги одзедоа прегратките, го одзедоа ракувањето, образованието, културата….слободата со стравот ја заменија”

admin22
loading...

Фејсбук статус на Марко Виденовиќ кој секого ќе го замисли

“Ги одзедоа прегратките, оти биле заразни, и тоа не само оние со пријателите, туку и оние помеѓу децата и родителите, внуците, бабите и дедовците. Мислиш, ништо не е тоа, само обична прегратка, а забораваш дека кога е убаво и среќно, бараш и даваш прегратки, но и кога е најтешко ти треба прегратка, а впрочем сега е такво, неиздржливо и тешко, плаче душава за силна прегратка.

Го одзедоа ракувањето, го заменија со удар на две тупаници, а има ли нешто поубаво од силен стисок со пријател, познаник стар или нов, та преку ракувањето да осетиш, да осети што душа носиш, дал е млитава и студена или врела и човечна.

Ја одзедоа културата, онаа храна духовна. Пред празна сала, тажни уметници, полни со заробени емоции, а гладна публика, одделена од најудобните неудобни столчиња во кои убавина се добива, убавина на душата.

Го одзедоа спортот, празни трибини, а на теренот, празни натпреварувачи со преполни џебови, без жар и емоции.

Ја одзедоа слободата и со стравот ја заменија. Сега стравот е чувар на животот, а слободата стана сестра на смртта и болеста, оти проповедаат дека слободата нѐ заразува.

Ги одзедоа мислите со приказни за чипови налик метални иглички, а има ли пострашен чип од оној невидливиот, оној што со гола рака не се допира туку преку вестите и проповедите се врежува во мозокот.

Го одземаат образованието, а тоа е најсилното оружје против секое зло. Со образованието ќе ни го одземат и најмилото оти ќе направат тоа само да се одземе од себе и нив да им припадне, та да можат да управуваат како што ќе посакаат.

Пополека ја подриваат и ја одземаат храброста и ни го подметнуваат стравот како жарче во сува ливада. Подметнуваат кај оние најпогодените, болните, изнемоштените, постарите, а тие со право исплашени се полнат со гнев кон нас, плашејќи се за своите животи кои всушност како и нашите, не се животи туку преживувања во време на измачувања.

Нема да нѐ изедат, само ќе нѐ доведат до стадиум самите меѓу себе да се изедеме и така во историјата ќе остане запишано дека сами сме се уништиле помеѓу себе, а со тие лекции ќе ги заплашуваат следните генерации.

Од утре, ма не од утре, уште од сега навлечете ги маските и преку очите, за да ви биде барем на очите полесно додека не гледате како се гуши човештвото, оти ова што ни пречи на устата и носот е само припрема за гушењето што нѐ очекува. Се надевам дека ќе заѕвони алармот кај повеќето пред да биде предоцна и дека ќе скокнеме отсечно за да излеземе од кошмаров во кој сме заглавени.

Се надевам дека ќе запролети есенва.

Да запролети есенва”.

Loading...
Next Post

8 причини поради кои Јарците се најдобрите луѓе кои можете да ги имате во животот

Тие можат да делуваат резервирани и ладни, но тоа е само затоа што се внимателни и сакаат да се заштитат себеси. Откако добро ќе ги запознаете, веројатно ќе бидете воодушевени од нивната личност, интелигенција и хумор. Не се плашете од нивната директна природа и ќе имате пријател за цел живот. […]