Филипче потврди: 5 нови случаи на коронавирус во Македонија – сопруга на веќе еден заразен пациент е позитивна

admin22

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, ја информираше јавноста за новозаразените од коронавирусот во Република Македонија. Бројот на новозаболени од Ковид-19 е 5.

Министерот за здравство соопшти дека од десетмината кои попладнево беа тестирани за коронавирус, петмина се позитивни на Ковид-19.

„Денеска имаме дијагностицирани 5 нови случаи на коронавирус. Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и четири здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31“ – изјави министерот Венко Филипче.

Тој исто така изјави дека од утре во Дебар ќе престојуваат уште двајца доктори од клиниката за пулмологија за да го надополнат капациетот и да им помогнат на останатите здравствени работници.

„Нема да има оправдување за ниту еден кој што не се придржува до мерките кои што ги донесе Владата – затоа што тоа е најважно“ – додаде Филипче.

Тој упати порака до здравствените работници дека трудот и напорот кои ги вложуваат се непроценливи, а на граѓаните им порача да останат дома.

„Целосно сме свесни дека здравствените работници се најекспонираните, но мораме да правиме сè за да нив ги заштитиме затоа што мора да обезбедиме одржлив здравствен систем за сите“.

Loading...
Next Post

(ВИДЕО) Камионџијата Александар кој вози низ Италија има парака за нашинците низ светот

Прилепчанецот Александар кој вози камион во Италија преку видео на Фејсбук ја упати најмоќната порака до сите нашинци кои во моментов се наоѓаат надовор од Македонија, да се воздржат доколку можат од враќање дома. Александар вели дека 15 дена е во камион и дека и тој самиот го одложил годишниот […]