Филипче пред малку директно им одговори на ВМРО ДПМНЕ за преговорите со Бугарија

admin22

Американскиот претседател Џо Бајден најави санкции за непочитувањето на Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор. Тоа предизвика низа реакции кај македонската јавност, а се огласи и министерот за здравство, Венко Филипче.

„Тоа е само показател дека сме во фокусот на САД. Важно е да се знае дека и Западниот Балкан е во фокус. Таа порака е кон политичките субјекти кои ги поткопуваат евроинтеграциите. Многу е несериозно да се поткопуваат тие процеси. Затоа што нашето стратешко партнерство со САД е од нашата независност.

Поддршка во делот на ресурси, лекови, опрема. Без таа помош, ние тешко ќе се справевме со здравствената криза“, истакна Филипче во гостувањето во „Само вистина“.

Министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, истакна дека нема тајни разговори со Бугарија ниту некакви скриени сценарија и дека не ги разбира постапките на ВМРО – ДПМНЕ.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ била поканета во Министерството за надворешни работи што, според него, е уште еден доказ дека нема ништо тајно во преговорите.

„Се е отворено и транспарентно. Ниту еден акт, ниту еден документ, ниту едно преговарање не е скриено и тоа е одлука на оваа Влада. Се е јавно и транспарентно.

За Преспанскиот договор имаше референдум. Што се скри тогаш. ВМРО-ДПМНЕ треба да даде поддршка за процесите кои значат заокружување на тој долг пат кон евроинтеграциите, што го помина земјата во интерес на граѓаните“ – рече Филипче.

Според него, малата излезност на протестите е фијаско на политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Политиката треба да биде инструмент за да се разговара, да се најде заедничко решение и да се постигне консензус. Тоа граѓаните го очекуваат од нас“ – рече Филипче.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку дена во Скопје и во поголемите градови низ државата одржува протести против, како што велат, продажбата на националните и државните интереси од страна на власта. Бараат поголема транспарентност во преговорите со Бугарија.

Епидемиолошката слика во земјава е добра и нема простор за загрижување кај граѓаните, вели министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето во Само вистина на Канал 5.

Како што истакна тој, нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани во текот на ова лето.

„Сега-засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи овој вирус е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата. Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема смртни случаи. Вакцината штити од тешка форма на болеста и смpт.

Ако продолжиме со ова темпо, полицискиот час ќе се укине, а се очекува да имаме концерти ова лето, семејни прослави. Нема ризик за организирање на такво нешто“, истакна Филипче.

Loading...
Next Post

Златко Ориѓански побара збор од Заев и Еди Рама

Статус на Златко Ориѓански: 10.06.2021, Тирана, Република Албанија „Почитувани премиери, Еди Рама, Зоран Заев, министри, почитуван градоначалник на Тирана, амбасадори, дами и господа. Имам чувство како да се наоѓам на доделување на Оскар, ова е историски ден за нашите две пријателски земји. – Пет месеци живеам во Тирана и не […]