Филипче соопшти кога ќе се дознае датумот за влез во Грција

admin
loading...

Венко Филипче денеска најави дека следната недела ќе има разговори со грчките власти по кои треба да се знае како македонските граѓани ќе може да патуваат во јужниот сосед. Според него, засега останува најавата дека границите ќе се отворат на 14 мај и дека услов да се поминат ќе биде негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација.

„Тоа беа последните информации. Од тогаш немаме нова информација. Околу 14 мај границите ќе се отворат, а за влез во Грција ќе биде потребно или потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Ќе разговараме следната недела со министрите со кои разговаравме претходно, така да ќе имаме и нови информации“, рече Филипче.

Тој порача и дека верските лидери за Велигден и Рамазан Барјам ќе треба да обезбедат редари, задолжени за организирање на чествувањето кои би требало да се одржува надвор, односно пред црквите и џамиите.

Loading...

„Кривата е веќе парабола и ја имитира онаа од ноември-декември, паѓаат бројките на новодијагностицирани, тоа се чувствува и во болниците каде притисокот се намалува и нема многу приеми и префрлања од една во друга здравствена институција како што беше случај во почетокот на април.

На состанокот со верските лидери, тие земаа обврска да обезбедат редарска служба за спроведување на протоколите и секој настан да го организираат надвор, пред црквите и џамиите. Епидемиолошката ситуацијата тоа во моментот го дозволува“, истакна Филипче.

Филипче по приемот на норвешката донација од 100 механички респиратори изјави дека кинеските вакцини најверојатно ќе пристигнат во петок, зашто веќе се стигнати на аеродромот во Истанбул.

Според него, не се очекува зголемување на бројките на заболени. Тој ддодаде и дека многу малку или под десет отсто од вкупниот број ковид пациенти поставени на инвазивна вентилација успеале да се излечат.

На хируршките клиники во моментов осум пациенти се на респиратор. Меѓу нив има и млади, а најмладиот е 40 годишен. Од сите досегашни пациенти на механичка вентилација, според Филипче, најмладиот кој поч -инал имал 23 години.

Во следниот период, според него, освен кинеските вакцини треба да пристигнат меѓу 5.000 и 7.000 вакцини на „Фајзер“ секој следен понеделник во мај, близу 26.000 и се очекува информација од ковакс-системот.

Loading...
Next Post

Се огласи Латас и прозборе за Коце Трајановски

Следната есен треба да се оджат локалните избори, а секако најважниот град за партиите, кој сакаат да го добијат е градот Скопје. Актуелниот градоначалник Петре Шилегов, се уште се нема официјално изјаснето дали ќе го трча својот втор мандат, а од најголемата опозициска партија не го откриваат својот кандидат, иако […]