Филипче Венко: Ние не спиевме за да ја изменаџираме кризата, а овие ни правеа сопки на секој чекор

admin
loading...

-Додека ние не спиевме за да ја менаџираме корона кризата, ВМРО-ДПМНЕ се будеше со идејата како политички да профитира, рече потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина на СДСМ во Гостивар.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во текот на најголемата здравствена и економска криза, што го зафати светот лажеше, креираше лажни вести, се зак анува-ше,

а нивните закани се резултат на страв и несигурност, истакна потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

„Додека ние не спиевме за да ја менаџираме кризата, тие се будеа со идејата како политички да профитираат“ нагласи Филипче, потсетувајќи дека од

ВМРО-ДПМНЕ лажеа за состојбата во Дебар, дека нема тестови, дека нема лекови, дека нема доволно болнички места, ги делеа докторите на наши и ваши,

и последното се впуштија во ширење на лажна вест дека вакцините немаат никаков ефект, како поигрување со здравјето на граѓаните.

„ Слушаме ќе се ребрендирале, ќе биле партија за сите граѓани, не може да се партија за сите граѓани, кога се синоним за поделби, ги делат лекарите на наши и ваши,

ги делат граѓаните на патриоти и предавници“, рече Филипче, додавајќи дека волкот го менува влакното, ама не го менува карактерот.

„ Изборот е јасен, на една страна ние транспарентно и одговорно работиме, го слушаме гласот на граѓаните и знаеме да ретерираме и одлуките да ги смениме,

така се владее државнички и одговорно на другата се ВМРО-ДПМНЕ партија која промовира насилство и штити криминал, таква партија нема иднина, порача потпретседателот на СДСМ

Венко Филипче на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

Loading...
Next Post

Се враќa ли Мило уште појак - овој човек е како Монарх на Балканот

Просрпската, а истовремено и проевропска владејачка коалиција, која ја предводи премиерот Здравко Кривокапиќ, е во криза од самиот почеток. И тоа додека владата на Кривокапиќ се соочуваше со побеснетиот трет бран на пандемијата на ковид-19, поради што во еден момент на улиците беше изнесена војската за да го контролира спроведувањето […]