(ФОТО) ЕДНОСТАВНО: Како до прекрасни велигденски јајца со малку напор

admin22

Велигден пристигнува за помалку од десет дена, а домаќинките се во мисла какви јајца годинава да имаат на велигденската трпеза. Се разбира, мора да бидат различни од лани, да се креативни и другите да ви ги пофалат. Изборот на богатиот ручек барем додека не се реши какви јајца сакаме, некако станува помалку важен. Со малку напор и лесни техники ќе бидете горди на тоа што сте го направиле. Елеганцијата е секогаш во тренд, а сега можете да ја постигнете со внимателно избирање велигденски украси.

Сликањето на јајца е традиција што овозможува создавање необични дизајни кои ќе ги красат велигденските јајца. Ви даваме неколку идеи за лесно правење креативни велигденски јајца.

Јајца обоени со акрилна боја

Изберете комбинација, истурете мала количина од секоја боја и измешајте за да добиете совршени бои. Користете брзи движења со четката, нацртајте кратки линии на јајцето, како и точки преку целото јајце, оставајќи простор помеѓу точките за да додадете друга боја подоцна. Оставете јајцето да се исуши, а потоа нанесете друга боја по ваш избор на истото јајце. Можете да ги направите во една боја во сите нејзини нијанси или како виножито на пример.

Црно-бели јајца

Овие црно-бели велигденски јајца со графички, геометриски дизајн, се идеални за љубителите на модерниот дизајн. Користете графитно моливче за да го скицирате образецот по ваш избор со графитно моливче, а потоа нацртајте го образецот што сте го нацртале со црн маркер. Лесно е за изработка, а многу ефектно и модерно.

Декупаж техника

Сè што ви треба се белки од јајца, варени јајца, ножици, четка и салфетки. Важно е да ги исечете најубавите мотиви од трослојните салфетки. За украсување ќе ви треба само еден слој од салфетката. Откако ќе ги исечете деловите од салфетките со кои сакате да ги украсите јајцата, ставете еден слој од салфетката врз јајцето и нанесете со четка од белката врз него. Така салфетката ќе се залепи врз јајцето, а ќе добиете прекрасен ефект. Потоа само премачкајте ги јајцата со масло и оставете ги да се исушат.

Мермерни јајца

Истурете вода во пластичен сад, така да е наполнет ¾. Потоа додадете неколку капки лак и нежно промешајте со дрвен стап за да создадете изглед на мермер. Потопете го јајцето под вода и вртете го лесно (задолжително носете гумени ракавици). Нежно промешајте со стап за да го видите мермерот во водата. На крај, оставете го јајцето добро да се исуши.

Цртање со восок

Оваа стара техника за фарбање јајца воопшто не е комплицирана. Потребно ви е: обичен молив, иглички (може и чепкалки за заби), обична боја за фарбање јајца, голема восочна свеќа и варени јајца. А постапката е следна:

На моливот ставете ја игличката и ова ќе ви биде алатка за шарење на јајцата. Запалете ја свеќата, оставете ја малку да погори за да има растопен восок околу фитилот. Игличката ставете ја во растопениот восок, а потоа на органот од свеќата, и брзо исцртајте го вареното јајце. Потребно е малку вежбање за да стекнете прецизен потег. Ако нанесениот восок е премногу тенок, нанесете уште еднаш. Потоа офарбајте ги јајцата во растворена боја во врела вода и малку оцет, но и не мора да ги фарбате, бидејќи тие и без тоа се прекрасни.

Велигденско јајце омбре

За да насликате јајца со техниката омбре, потребна ви е прехранбена боја по ваш избор и плиток сад. Натопете варено јајце на 1/3 во сад со бојата и држете го додека не ја добиете саканата нијанса. Потоа додадете уште еден прст вода во садот, држете го јајцето околу една минута и повторете го процесот додека течноста не го покрие целото јајце.

Loading...
Next Post

Фатиме Фетаи избрана за виш јавен обвинител

На денешната седница на Советот на јавните обвинители се избраа и петмина обвинители во Вишото обвинителство. Во ова обвинителство отсега дел ќе биде и обвинителката Фатиме Фетаи, за која гласаа 9 членови од Советот. На денешната седница за виш јавен обвинител беше избран и Наум Пановски, кој доаѓа од Обвинителството […]