(ФОТО) Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи се огласи од Бардовци: Разочаран е народот

admin

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од вчера, 8 мај, до 30 мај почнуваа со акција под мотото – „Пратениците со народот“ за време на која ќе посетат 500 села низ цела Република Македонија, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Целта на акцијата, како што рече тој, е да допрат до секој граѓанин во државата, дури и до тој во најоддалеченото место и ќе биде посетен.

„Граѓаните бараат и заслужуваат нивниот глас да биде слушнат, предолго време се заборавени, државата наместо за нив, работи за мафијата. Власта е во трка по провизии и местење тендери, а народот едвај врзува крај со крај“ порача Мицевски и дополни дека:

1. 60.000 луѓе останаа без работа само во последната година. 2. 6.200 фирми ставија клуч на врата. 3. Половина милион луѓе живеат со две евра на ден. 4. Државата должи над 6.5 милијарди евра, со што секој еден граѓанин е задолжен по 3.263 евра.

5. Вакцини се чекаа пет месеци. 6. Над 5.000 наши сограѓани го загубија животот, а поголем дел од нив и поради неспособноста на власта, но и поради немање вакцини. 7. Над 150.000 луѓе се заразија, поминаа низ тешки последици, дел од нив се лекуваа и во приватни клиники, а платија и над 10.000 евра, често се позајмуваа, а зедоа и кредити.

8. Идентитетот и јазикот се на напад, а власта молчи. 9. Тутунарите го предадоа својот тутун по цена за килограм колку една кутија циг ари, само затоа што се на раб на егзистенција.

10. 214 светски кри -мина лци, на рко -босови на познати к лан ови добивале македонски пасоши од МВР. Нарушен е угледот на државата, по гр-ебан е правниот систем.

И да не набројуваме уште, состојбата е алармантна. Народот е при крај со трпение, а пари одамна нема. Секој ден е ден и борба за опстанок.

Заев не понуди ништо, Заев им зема сè на луѓето. Буџетот е претворен во алатка за богатење преку тендери за фирми блиски до власта или фирми на роднини на функционери“ обв ини тој.

Денес, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, се огласи од Бардовци и упати порака:

„Денеска остваривме средба со жителите на Бардовци во рамките на акцијата „Пратениците со народот“. Разговаравме за проблемите со кои се соочуваат, но и за предлози од особено значење како проекти за претстојните избори.

Народот е разочаран од власта и безрезервно ни ја дава поддршката за промени. Заедно со македонската пролет доаѓа нова надеж!“

Loading...
Next Post

Како ме „насанкаа“ за невеста од Албанија – Уште не можам да си поверувам

Договорените бракови помеѓу Албанките и ергените од целиот Балкан постојат долго време, а сега постои и агенција за посредување преку интернет. Преку групата „Албанки за мажење“ на „Фејсбук“ голем број на Срби, Македонци, Босанци и Хрвати ја пронашле својата сопруга. Од агенцијата за српски „Курир“ велат дека мотивот на младите […]