(ФОТО) Сите ја користиме, ретко кој забележал: На банкнотата од сто денари нешто е чудно кај реката Вардар

admin22
loading...

Австро-унгарскиот генерал Пиколомини го изгорел Скопје до темел, но ја зачувал неговата убавина на гравура во негатив. Она што побуди внимание кај архитектот Иван Стојковски од скопско Маџир Маало е токму таа гравура на Скопје од 17 век, што се наоѓа на задната страна на стоденарката.

На банкнотата од сто денари Вардар тече угоре.

Тој за весникот ВЕЧЕР тврди дека е оригиналната што ја изработил Јакобус Харивејн – Антверпен, но е поставена во негатив.

-Сметам дека грешката е направена сосема случајно при лиењето на гравурата што може да се случи и денеска и покрај развиената технологија. Најверојатно тогаш таа грешка не била многу битна. Можеби е направена грешка при пресликувањето или при копирањето.

Затоа можеби до денеска таа грешка не е забележана, а сликата се експлоатира автоматски со погрешна визура, како што впрочем е и на банкнотата од сто денари, вели Стојковски за весникот ВЕЧЕР.

Loading...
Next Post

Од понеделник многу среќа само за овие хороскопски знаци

Овен Ве очекуваат доста новини во полето на работата, особено оние кои се занимаваат со интелектуална работа. На ова поле најдобро ќе ги извршувате работните задачи, највероватно поради добрата интуицијата и концентрацијата која неделава ќе доминира кај вас. Доколку работата ви е поврзана со повеќе луѓе, контактитете ќе ве измачуваат. […]