Гавазова на Бекстејџ доби прашање дали би се занимавала со најстариот занает – еве го нејзиниот одговор (ВИДЕО)

admin

Струмичанката Сузана Гавазова која беше една од најактуелните фолк пејачки на почетокот на 2000 – те години ја изненади јавноста кога пред шест години раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Станува збор за Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска.
Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.

Јасмин и јас сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. Заедно сме седум години премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа, изјави своевремено Гавазова.

Во септември минатата година, Сузе објави лут статус во кој вели дека е изморена од негативни коментари на анејзиниот Фејсбук профил:

– Се уморив од бришење лоши коментари и од блокирање на искомплексирани луѓе..Едноставно не сакам на мојот профил негативна енергија.

Сите негативни , препотентни, нечувствителни, безобразни и безобзирни луѓе се, сепак, несреќни затоа им простувам, но нека се тргнат подобро од мојот профил да не бидат уште понесреќни.
А вам драги луѓе кои знаете секогаш да кажете по некој убав збор, златници да ви излегуваат од вашата уста..

Ви благодарам на убавите зборови, ве сакам, бидете ми живи и здрави и Господ да е со вас“ напиша Гавазова.
Таа неодамна објави фотографија од неа и од сопругот на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ ветер во грб и ѝе важна.

До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: Заедно сме посилни! Во интервју за Фокус, таа објасни зошто од Шведска се вратила во Македонија и како живее со сопругот и со ќерките, а зборуваше и како живееле во време на пандемијата.

-Мојот сопруг во Македонија се чувствува исто како дома, има многу пријатели, соработници. Тој почна и бизнис во Македонија и е голем позитивец дека Македонија има потенцијал да просперира и да напредува.

Македонците се многу топол народ и веднаш го прифатија како свој, тоа се случува секогаш кога некој е добар човек.
Кога бев дете многу сакав да бидам во друштво на стари луѓе и многу учев од старите. Се сеќавам кога даваа совети… Работи, троши, ама тргај пари за црни денови. Никогаш не знае човек што може животот да донесе.

Мора секој човек да мисли за утре. Никој не се надеваше дека баш на музиката и воопшто на културата такво нешто ќе се случи, но ете се случи.

Навистина е многу тешко да останеш без работа, тоа не му го посакувам ни на најголемиот душман, посебно кога некој си ја сака работата и си ја работи со многу љубов.

Се надевам ќе се вратиме во нормала и ќе се нормализираат работите, најважно е да сме живи и здрави, па ќе ја преживееме некако кризата“, рече Сузе и објасни зошто си дошла од Шведска.

-Не можам да ја споредам Македонија со ниту една друга земја, а нема ни потреба, ја сакам затоа што е моја. Ја сакам и Босна затоа што мојот сопруг е од Босна. Ја сакам и Шведска затоа што моите ќеркички се родија во Шведска.

Не дека Шведска е лоша земја за живеење, но мене лично и на моите ќеркички ни сметаше ладната клима и студениот ветер…

А потоа почна да му смета и на Јасмин. Секогаш кога ќе си дојдевме во Македонија не сакавме да се враќаме назад, и така еден ден решивме да си останеме во Македонија. Македонија си ја опишавме како ,,Земјата на сонцето” а сонцето дава убава и позитивна енергија и овде сме пресреќни.“

Сузана Гавазова вчера беше гостинка на лајв-вклучувањата на „Бекстејџ“

Тимот на „Бекстејџ“ како и вобичаено со скокотливи прашања проба да го извлече најдоброто од Сузе, и да открие ексклузивни работи за нејзиниот приватен живот.

Едно од прашањата гласеше: Со што не би се занимавала Сузе?

Таа одговори дека никогаш не би се занимавала со п*оституција, и исто така никогаш не изразила желба да работи во банка, бидеќи се плашела да работи со многу пари…

 

Loading...
Next Post

Гоце, ти си ми еден вид на амајлија, те молам ако можеш дојди на финалето, ми носиш среќа - Сеќавање на пријателството помеѓу Пандев и Арнаудов

Вчерашната видео снимка со нашата фудбалска репрезентација која пред настапот на ЕП во хотелот во Букурешт се забавува со песна од легендарниот Гоце Арнаудов ја расположи јавноста. Истовремено, го трогна и семејството Арнаудови, кои за ,,Фокус” раскажаа колку голем вљубеник во фудбалот бил Гоце, но и за неговата посебна врска […]