Газдите лути: Вештачки ја дигате минималната плата на 18.000 денари – Вака нема да издржиме

admin22
loading...

Компаниите ќе претрпат штета со измените во Законот за трговија, што ги повлече решението за недела неработен ден, велат од Сојузот на стопански комори.

Според ова законско решение, 2% од прометот остварен во претходната година за работењето на трговските субјекти во недела и празници ќе мора да бидат наменети за изградба на нови детски градинки.

Но, спорно е и тоа што вработените во трговските субјекти опфатени со овие законски измени, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100%, додека оние кои работат во дејсности што заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50% повисока дневница и слободен ден.

Loading...

Законските измени наидоа на критики од стопанствово, додека пак Владата вели дека можноста недела да биде неработен ден им оди во корист на 92% од вкупниот број на работници во Македонија.

Исклучоци има за дејности како трговијата, туризам и угостителство. Градежниците, пак, силно критикуваат затоа што велат дека нема да имаат континуитет во нивната работа, покрај толку многу празници и неработни денови во годината.

Законот предвидува забрани за работа во период од 15 дена за оние кои ќе воведат самоволие наместо работење според правилата, а доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во период од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена.

Дополнително, додека трае забраната, газдите ќе мораат да им исплатуваат плата на работниците. Од Владата најавуваат и за поажурни редовни и вонредни контроли.

Од Сојузот на стопански комори (ССК) пак денеска порачаа дека зголемувањето на минималната плата како резултат на политички популизам, а не на функционални пазарни механизми или зголемена продуктивност на работната сила и зголемена економска активност, ќе доведе до намалување на работните места, раст на цените на производите и раст на сивата економија.

Според нив ваквата одлука ќе ги стави компаниите во дополнителен трошок, особено во период на здравствено-економска криза.

-Зголемувањето на минималната плата ќе влијае на намалување на мотивацијата на вработените кои досега биле попродуктивни, бидејќи голем број од деловните субјекти немаат капациети и моќи скалесто да ги зголемат платите на останатите вработени. Оваа мерка нема да роди со плод, со продуктивност, изјави Александра Андреева, член на управниот одбор на ССК.

Тие потсетија дека самиот закон има вграден механизам според кој минималната плата се зголемува во март секоја година.

-Така согласно член 4 од Законот, исплатената висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Северна Македонија, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика, велат од ССК.

Заклучуваат дека проблемот со инфлаторните движења треба да се решава со зголемување на економската активност и создавање услови за развој.

Loading...
Next Post

2022 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ВИСТИНСКИ ПРЕДИЗВИК ЗА ОВИЕ ЗНАЦИ: Ги очекува тешко предавство!

Иако на крајот на годината сите се надеваме дека следната ќе биде подобра и посреќна, за жал, нема сите да имаат таква среќа. Три хороскопски знаци ќе се соочат со бројни предизвици во 2022 година! Вага Следната година е вашата година на вистината. Обично ги криете своите чувства зад маската […]