Големо олеснување за Македонците во Германија – денес властите донесоа одлука за симнување на земјата од листата на ризични

admin

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан даде одобрение за дигиталниот пасош за вакцинација, но сертификатот нема скоро да биде достапен за секого. Лекарите и аптеките не се подготвени.

Следниот ден на прес-конференција министерот за здравство Јенс Шпан се радува на опаѓачките бројки на нови инфицирани со корона вирус..

Тоа се должи и на „извонредната инфраструктура за тестирање“ во Германија и на тоа што во меѓувреме 47 % од граѓаните добиле веќе прва доза, вели тој, додавајќи:

„Речиси секој четврт граѓанин е веќе целосно вакциниран, а со дигиталниот сертификат за вакцинација сега имаме и алатка која имунизирањето го прави уште поатрактивно“.

Тест фазата во одбрани центри за вакцинација е успешно завршена, сега ковид пасошот (CovPass) може да биде применуван во цела земја, а од јули и за патувања во ЕУ.

„Целта е овој сертификат за вакцинација да може да биде покажан и во Хелсинки, Амстердам или Мајорка, со што во ЕУ поставуваме стандарди за меѓународен патнички сообраќај.“

Денес пак радосна вест за многумина нашинци кои сакаат да патуваат во Германија. Германија ја отстрани Северна Македонија , како и другите земји од Западен Балкан, од „црвената листа“ на земји во ризик за патувања поради корона вирусот.

Поради намалувањето на бројот на нови случаи на инфекци со корона вирус, Институтот Роберт Кох (РКИ) отстрани неколку земји од списокот на ризични земји, вклучувајќи ги Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербејџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар .

Покрај Македонија, од Западен Балкан, се симнати од црвената листа и Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора кои повеќе не се третираат како ризични земји.

Отстранувањето од списокот на ризични земји го олеснува патувањето во Германија, односно ги отстранува сите епидемиолошки „пречки“. Новите правила за патување ќе важат од недела, наведува РКИ во своето соопштение.

Прогласувањето на земјите од Западен Балкан без ризик од страна на РКИ ќе има влијание врз другите земји на ЕУ, предд се на Австрија, која одлучи да

ги утврди своите правила за влез во земјата врз основа на списокот на германскиот институт, пишува белградски Блиц.

Loading...
Next Post

Секогаш после кафето од сопругот ѝ било лошо, па ставила камери во кујната и ја открила ужасната вистина

Во САД, повеќе од половина од сите бракови завршуваат со развод. Разводот никогаш не е пријатен, дури и кога двете страни се согласуваат дека ова е најдобриот. Во однос на менталното здравје во Соединетите држави, разводот е една од главните причини за депресија и стрес. Една од клучните точки што […]