Гоце, ти си ми еден вид на амајлија, те молам ако можеш дојди на финалето, ми носиш среќа – Сеќавање на пријателството помеѓу Пандев и Арнаудов

admin22

Вчерашната видео снимка со нашата фудбалска репрезентација која пред настапот на ЕП во хотелот во Букурешт се забавува со песна од легендарниот Гоце Арнаудов ја расположи јавноста.

Истовремено, го трогна и семејството Арнаудови, кои за ,,Фокус” раскажаа колку голем вљубеник во фудбалот бил Гоце, но и за неговата посебна врска со Горан Пандев, својот сограѓанин, со кого биле посебно блиски.

Што всушност значат песните на Арнаудов за Пандев, но и околу тоа колку блиски пријатели биле тие двајцата, пишувавме уште пред околу десет години, во едно последните интервјуа со фолк легендата, кој по-чина во 2011 година, по тешко боледување.

Само неколку месеци пред да поч-ине, Арнаудов сподели сеќавање на настан со Горан Пандев, кој се случил во 2010 година, кога во Мадрид, Шпанија се одржа натпреварот помеѓу Интер (каде играше Пандев) и Баерн Минхен.

-Освен што знаеше да ми каже дека сум му омилен пејач, Горан многу ме радуваше кога ќе ми речеше дека сум му еден вид на амајлија. Кога стануваше збор за потешки натпревари, знаеше да ми се јави и да ми каже да дојдам и да го бодрам од трибините, а мене тоа секогаш ми беше посебна чест.

-Гоце, ти си ми еден вид на амајлија, те молам ако можеш дојди на финалето, ми носиш среќа! –ми рече пред натпреварот во Мадрид, па иако бев преморен бидејќи се вратив од турнеја низ Америка, не можев да го одбијам.

Кога Пандев ми се јави и побара да го бодрам во Мадрид и да му држам среќа, без многу размислување прифатив. Бев преморен од настапите, од турнејата, но сепак јас за луѓето кои што ги сакам и кои што ми се вистински пријатели гинам.

Веднаш му кажав на син ми Оскар да се спреми, затоа што решив да заминеме во Мадрид со автомобил. И син ми многу се израдува, па набрзина се спакувавме, го ,,запаливме” автомобилот и тргнавме кон Шпанија.

Заедно со нас беа уште неколкумина наши пријатели, и нормално сите од се срце навиваме за нашиот Горан. Се испостави дека Пандев не за џабе мене ми вели дека сум му среќа на утакмиците. Во Мадрид, Интер го победи Баерн со резултат два спрема нула – ни раскажа музичарот во едно од своите последни интервјуа.

Тогаш тој појаснуваше дека уште на самите почетоци на кариерата на Пандев верувал во него и претчувствувал дека еден ден младиот струмичанец ќе стане голема фудбалска ѕвезда, па затоа секогаш кога бил слободен ги следел неговите игри.

-Многу сум почестен од тоа што Пандев за мене го има мислењето дека му носам среќа, и со задоволство ќе му давам поддршка се додека можам – се зборовите на Арнаудов, чии песни останаа да се слушаат зад него со генерации.

Неговата песна ,,Ќе пијам, ќе лумпувам” вчера одекнуваше на голем звучник во хотелот во Букурешт, каде е сместена нашата фудбалска репрезентација, а снимката со расположените фудбалери за кратко време стана хит.

Харита вели дека да беше жив татко и, тоа ќе било едно од неговите најубави доживувања, да види како неговите песни одекнуваат пред важните натпревари на ЕП.

-За татко ми фудбалот беше важен исто колку и музиката! Сигурна сум дека ќе најдеше начин да биде со фудбалерите во текот на целото првенство, да ги следи, бодри, забавува, сигурно…

Горан Пандев, или како што ние си го нарекуваме, Гочето и татко ми имаа посебна врска. Многу се почитуваа и сакаа. Горан е наша гордост и ни е како дел од семејството. Татко ми го сакаше како син. Се радуваше на неговите успеси, на раѓањето на неговите деца, затоа што не го дочека раѓањето на нашите…

Пандев и брат ми Оскар заедно беа на финалето помеѓу Интер и Баерн Минхен во 2010 година, кога Горан успеа да го крене и победничкиот трофеј на лига на шампиони. Убави спомени има цело наше семејство со него – појаснува Харита.

Од име на нејзиното семејство вели дека им се заблагодаруваат на сите наши фудбалери за убавите моменти на радост за кои живееле многу генерации.

Извор: Фокус

Loading...
Next Post

Ненад Јовановиќ: Тие што жолчно ме плукаа изминативе 365 дена за се', да им порачам дека ќе бидат на ЦРНА листа

Политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ, во два статуси изминатите два дена, ги коментира информациите од САД, за ставање на црна листа на сите оние кои ги подриваат мировните договори на Балканот и кај нас: Како велат мрчаторите: “не гледаме ништо спорно во критикување на договорот од Преспа”. Па уште велат, “САД […]