Гоце Тодоровски прозборе во јавност поради што ќерка му и син му се единствени во Македонија

admin

Реномираниот актер Гоце Тодоровски, едно нешто никогаш не може да прежали, а тоа е неговиот другар и колега Ванчо Петрушевски, кој по чина на 25 авуст во 2018 година од струен удар во неговата викендичка во скопското село Орешани.

Гоце во една прилика, во емисијата „Еден на еден“ со Жаре зборуваше за својот другар и за сето она што Ванчо го направил за него.

-Ванчо е виновникот затоа што јас станав актер. Тој студираше прва година во Софија, ио бевме на одмор во Бугарија, во Бургас, и тој имаше некоја книга од бугарски автор, и на враќање цариникот го праша: Што ти е ова?

Тој одговори: Литература. За што? Затоа што јас студирам во Софија, глума. А така ли, рече цариникот. Ни ги зема нашите три пасоши, четворица бевме, рите ги врати, а неговиот не го врати.

И после четири години му го вратија пасошот, а тој мораше да запише втора година глума во Бугарија. А јас веќе бев втора година на Градежен факултет, и требаше да бидам инжинер, по волја на татко ми зашто беше воено лице и не смеевме да го одбиеме.

Инаку, веднаш пук -аше. Ама, бидејќи бевме другари од 1962 година, заедно запишавме петто одделение, и уште од тие детски денови ние правевме скечеви разни.

На родителски состаноци имавме храброст толку да настапиме со скечеви пред родителите.

И така да, заедно бевме 54 години. Јас на комеморацијата баш дека повеќе бев со него отколу со самиот себе.

Заедно спиевме, повеќе спиев со него отколку што спиев со жена ми. Додуша, во различни кревети. Прво кога ќе ми го спомнат Вано, ми текнува на солзи.

И е, и уште ќе остане во нашите сеќавања, јас мислам бар едно петстони години“, изјави Гоце.

Во емисијата „Улица Македонија“, Гоце зборуваше за своето семејство. „Јас сум прв меѓу глумците кој својот син го нарече Гоце, а потоа уште неколку души го направија истото.

Само се сеќавам кога го запишував во матично, тоа беше во старото школо во Дебар маало во мисерна некоја градба, приземна, и една жена пред пензија.

И баш кога го запишував ме прашува: Презимето како? Тодоровски. Таткото? Гоце. Бебето како ќе се вика? Викам- Гоце.

И таа стои со пенкалото, и вели: Презиме, како рече? Тодоровски. Татково име? Гоце. Син, бебето? Гоце. Е како така? Ѝ викам: зошто да не. Пишува во уставот дека не смее така?

Не, ама во мојата кариера ова ми е за првпат вака. А ќерка ми Сашенка, руско име е тоа, доаѓа од коренот Александра.

Имаше една претстава и прочитав Сашенка. Русите имаат таков стил на даваање прекари: Машенка, Дашенка, Сашенка, и мене ми се бендиса тоа Сашенка.

Така да, таа е единствената во Македонија што се вика така, Сашенка. Мислам дека е единствената“, рече Гоце и додаде дека му е драго што децата не тргнале во неговите стапки.

„Мислам дека ќе ја немаа мојата снага, затоа што јас не успеав баш лесно. Имаше таму некои постари глумци кои не ни даваа многу да збориме.

Или ако те види дека малку повеќе се покажуваш на сцена ќе ти речеше: Мали, ај не се занесувај многу! Не смееш над него да бидеш“, објасни актерот за своите почетоци.

Гоце одамна се нема појавено во јавноста, а неговиот глас го слушаме во турските серии кои ги надзинхронизира.

Loading...
Next Post

(ФОТО) Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи се огласи од Бардовци: Разочаран е народот

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од вчера, 8 мај, до 30 мај почнуваа со акција под мотото – „Пратениците со народот“ за време на која ќе посетат 500 села низ цела Република Македонија, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Целта на акцијата, како што рече тој, е да допрат […]