Градоначалникот Дука: Дебар продолжува да нема заболени од коронавирус

admin22
loading...

Дебар неколку денови по ред нема нови заболени од Коронавирус. Ова денеска го изјави градоначалникот Хекуран Дука кој нагласи дека воедно се очекуваат и резултати на земените 13 брисови од лица кои имале одредени симтоми.

Тој додаде дека со оглед дека нема нови заболени бројката на болни од короинавирус останува 49 од кои починаа 4 додека 16 се излекувани. Другите се на лекување во Скопје и во домашна изолација.

Градоначалникот на Дебар денеска информираше дека со цел да се одржува превентивната активност започна втората фаза на дезинфекција.

Дезинфекцијата се врши од синока со специјални средства и тоа од вработените во ЈКП ,,Стандрад ,,и Противпожарната единица на Дебар.

Бидејки во Дебар по прогласувањето на кризната состојба се најдоа и наши иселеници кои живеат во САД, се прават последните подготовки за Америка да отпатуваат група на тамошни државијани кои инаку по потекло се од Дебар , рече Дука .

Безбедностната состојба во општина Дебар е добра освен една тешка кражба што се случи синока во најголемото дебарско село Могорче, рече градоначалникот на Дебар и потоа апелираше до населнието целосно да го почитува полицискиот час кој започнува од 16 до о5 часот наутро .

Притоа даде објаснување дека во текот на викендот ке има дежурни маркети и аптеки, а услугите за купување и доставување ке ги вршат волонтери на општинската органзиација на Црвен Крст Дебар.

Loading...
Next Post

МЗ: Двајца починати, потврдени 18 нови случаи на Коронавирусот во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на […]