Граѓаните ширум регионот се опростуваат од Матеј Периш, а негов близок пријател ги објавил овие фотографии

admin22
loading...

Хрватот Матеј Периш исчезна пред пет месеци на 31 декември во Белград, а вчера беше извлечено едно тело од Дунав, по што се појави сомнеж дека тоа е младото момче затоа што има иста облека на безживотното тело кое беше пронајдено.

-Неговото тело беше извлечено неколку километри од наводното место на исчезнување, а тоа отвори и многу дилеми во јавноста. Едно што е сигурно е дека телото било заглавено на нешто во реката во текот на овие месеци кога се трагаше за него.

После два месеци телото доживува сапонификација, односно собирање на кожата (солта се собира во површината на кожата), тоа значи дека од надвор телото е зачувано, но внатрешните органи започнуваат да скапуваат.

Во организмот се собираат бактерии и телото станува како балон, а со зголемувањето на температурите овие денови истото испливува на површина, објаснува српскиот форензичар Ристиќ.

Форензичарот кажа дека обдукцијата треба да потврди дали пиел алкохол или конзумирал нешто друго, иако помина многу време.

Целиот регион беше обединет сите 139 дена од потрагата и живеше со надеж дека Сплиќанецот ќе биде пронајден жив и здрав. Освен потресните пораки од граѓаните од регионот, од Периш се опростил и еден од неговите блиски пријатели.

Пријателот, кој не допатувал со Периш во Белград за Нова година, на својот Инстаграм профил објавил 4 фотографии на кои е заедно со него.

На објавените фотографии можат да се видат двајцата прегрнати – на бротчето на кое работеле, на забава, на патување, но и на видиковец од кој се пружал поглед кон отвореното море.

На една Инстаграм страница која од почетокот го следеше секој детаљ и информација поврзана со исчезнувањето на Сплиќанецот, сега покрај објавената фотографија од Матеј стои и порака дека тој ја завршил својата приказна на земјата.

Под фотографијата се нижат тажни коментари:

„Адио, капетане наш и нека ти е мирно морето, плови сега кон небесното синило. Твојата Далмација нема да те заборави“, „Ангелот му се враќа на својот син Јадран. Додека го пишувам ова срцето ми се крши, мирно спиј помеѓу ангелите“, „Претажно, но барем ќе пронајде мир, тој и неговото семејство“, „Многу ми е жал, се надевав на среќен крај“, гласат дел од коментарите.

За потсетување, телото на Периш беше пронајдено вчера наутро во близина на Ада Хуја, по што беше однесено на обдукција која покажа дека младиот Хрват се удавил. ДНК анализите потврдија дека станува збор за Матеј.

Loading...
Next Post

Болни зборови - Таткото на Матеј Периш раскажа што побарала ќерка му

Тело на непознато машко лице беше пронајдено во Дунав во Белград, а сите се сомневаат дека тоа е Матеј Периш од Хрватска. Телото коешто вчера беше извлечено од реката Дунав во Белград е на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, на кого му се изгуби трагата вечерта на 30 декември минатата […]