Хелена Роза повторно ЗГРМЕ на фејс околу пасошите: Ова што го правите е мачкање очи и млатење празна слама

admin
loading...

Министерството за внатрешни работи, пред два дена информираше дека пасошите на граѓаните, чија важност истекува по 31 јули 2020 година, ќе продолжат да важат до 31 декември 2021 година.

– Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021 на 03.06.2021 кој стапи на сила на 11.06.2021 година.

Ќе отпочне со примена од 01.07.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година, се наведува во соопштението на МВР.

Од Министерството посочуваат дека измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓани кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

По ваквата информација од надлежните, која се најавуваше уште пред еден месец, на социјалните мрежи се појавија низа коментари кои укажуваа дека ваквата одлука, во пракса нема да функционира.

„Како јас на некој цариник, кога ќе ми го види пасошѓот дека ми е истечен, ќе му објаснам дека мојата Влада донела интерна одлука за продолжување на пасошите“, беше еден од најчестите коментари.

Познатата водителка која неколку години наназад живее и работи во Нов Зеланд, Хелена Роза, во неколку наврати оваа година реагираше на проблемите кои ги имаат Македонците во дијаспората со пасошите.

Таа отвори и посебна група на Change org каде секој може да се потпише на апелот за решавање на овој голем проблем за нашинците во дијаспората.

Хелена Роза и по последната информација од МНР со реакција и скриншот од нашинец од Америка, кој добил ваков одговор во конзуларното преставништво во Мичиген:

„Повелете сите оние кои аплаудиравте на промените на законот за продолжувањето на пасоши. Како и што претпоставуваме, ништо не се решава со овој закон.

Млатење слама во празно и мачкање очи. Повелете скриншот од Македонец кој живее и работи во Америка, каков одговор добил од Амбасадата/Конзулатот во Мичиген. КА ТА СТР-ОФА!

Мора надлежните МНР и МВР сериозно да го сфатат проблемот кој ние Македонската дијаспора го имаме веќе дооолго време, а со пандемијата само уште повеќе искочи на површина не ажурноста и непрофесионалноста на овие институции.

Мораме да се избориме, за поефикасно и подобро функционирање на Македонските конзуларни преставништва, и поедноставување на процедурата за вадење на пасош и документи.“, напиша Хелена.

Loading...
Next Post

Најчевска: Кого прави вудала градоначалникот на Центар?

Професорката Мирјана Најчевска го сподели статусот од партијата чиј претседател е, „Трета“: КОГО ПРАВИ БУ ДАЛА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЦЕНТАР? – Граѓаните на Центар, Граѓаните на Скопје, Себеси ? „Подолго време случувањата во Центар го покажуваат моралното пропаѓање на градоначалникот Богдановиќ со кој го навлекува гневот на граѓаните. Незапирливата бетонизација, сечењето на дрвјата и […]