Игор Џамбазов пред малку објави многу радосна вест за сите негови фанови

admin22
loading...

Потекнувајќи од уметничко семејство, незаборавните актери – мајка му Анче Џамбазова, дедо му Петре Прличко и татко му, композиторот Александар Џамбазов, Игор немал никаква дилема дали да се запише на Факултетот за драмски уметности, но не и неговите родители.

– Мајка ми сметаше дека таа професија во тоа време не беше ценета како што треба и постојано ми велеше дека многу подобар живот ќе си проживеам ако запишам нешто сосемa друго.

Но, јас бев решен дека ќе бидам актер по секоја цена и тоа уште од времето на „Волшебното самарче” – вели Џамбазов, за Вечер.

Признава дека морал многу да се докажува баш поради неговото потекло.

– Не затоа што така требаше, туку затоа што јас сакав така. И уште во првата година на Aкадемијата сфатив дека ќе треба многу, многу да се потрудам за да не ми се случи да ја изневерам мајка ми Анче, а особено дедо ми Петре.

Секогаш кога бев во некоја криза, а такви имав повеќе на самиот почеток, помислував на нив и тоа ми даваше некоја чудна, невидлива инјекција што ме тераше да продолжам понатаму, изјавува Игор Џамбазов за порталот Факултети.

Признава дека многу сакал да студира психологија, но за тоа немало услови поради преголемите ангажмани на ФДУ.

– Тоа страшно ме интересираше. Меѓутоа, за тоа навистина немаше услови. Студирањето на ФДУ беше многу напорно. Од утро до мрак имавме часови, вежби, предавања и тоа едноставно не беше можно. Сепак, бескрајно се израдував кога во третата и во четвртата година имавме предмет што се викаше Театарска психологија, а кој ни го предаваше еден од најголемите стручњаци за таа тема во тоа време, сега покојниот Миодраг Мицев.

И токму тие четири семестри со тој предмет подоцна многу ми помогнаа кога ги подготвував и играв некои познати, но комплицирани ликови од светската драматургија – објаснува актерот.

Игор завршил со просек 9,24 и бил прогласен за еден од десетте најдобри студенти на четврта година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Глумата е занает. Треба да се учи, но најважно од сѐ е само едно – дали те бива или не, тврди Џамбазов.

Талентот на легендарниот Игор Џамбазов се загележа уште од мали нозе, кога заедно со дедо му Прличев глумеше во познатата телевизиската серија „Волшебното самарче”.

Игор од серијата „Волшебното самарче” сите го познаваат како малиот Трајче кој со коњот Дорчо оди во шумата да собира дрва и потоа да ги продава за да и помогне на својата мајка.

Од тогаш поминаа цели 46 години, и многу работи се променија. Игор освен актер стана и текстописец, водител, писател, музичар и поумен, а според она што го објави неговата љубена Илина и Дорчо се променил па сега се занимава со сериозна работа.

Имено, после 46 години Игор Џамбазов повторно се сретнува со коњот Дорчо, а таа средба во јавноста ја пренесе Илина и ја овековечи преку неколку фотографии

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов е тек со новото време на технологијата, па така како и повеќето познати и тој има профил на социјалните мрежи.

Игор е активен на својот „Инстаграм“ каде што речиси секојдневно споделува по нешто.Откако се активираше на социјалните мрежи, на Инстаграм профилот кај Игор Џамбазов постојано осамнува некоја нова објава.

Неговите следбеници кои бројат нешто повеќе од 93 илјади, редовно може да видат и прочитаат од неговите инспиративни и досетливи мисли поврзани со актуелности и животни искуства, романтични фотографии со неговата сакана Илина, од оние авантуристичките во природа, такви со мачката Емче, по некое видео додека пее или свири на гитара, па се до ретро фотографии како онаа што се најде последна на неговиот профил.

Игор Џамбазов се огласи на својот профил на Инстаграм каде што сподели видео и притоа напиша:

Петок, 25 јуни, на кровот на @skopjecitymall, ќе се одржи третото издание на @skopjeunplugged …се враќаме во живот, народе мој!

Loading...
Next Post

Стојанче Ангелов oткри со кој кoмандaнт на OНА е во добри односи!

Поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов кој од неодамна е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи, пред малку преку Фејсбук порача дека сериозно се зафатил со работата. – Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава. Од синоќа раководам со Главниот Штаб за управување со […]