ДУИ си го брани криминалот со физички напади врз пратениците, Ковачевски да го осуди дивеењето на Арбер Адеми, вели ВМРО-ДПМНЕ




„Адеми да не се крие зад имунитетот и да си поднесе оставка како пратеник, а потоа да одговара за нападите врз пратениците.




Кога е заргозен криминалот на ДУИ тие обвинуваат за антиалбанство, а тие се само обични криминалци кои ќе одговараат.




Адеми удираше пратеници со раце, а потоа ги гаѓаше со тврди предмети, со што можеше да го загрози нивниот живот. Тоа што Адеми не погоди никого директно е само случајност и среќа на присутните пратеници, интенцијата на Адеми беше да им нанесе физички повреди и тоа се гледа од снимките.




Нападот на Арбер Адеми покажува како СДСМ и ДУИ ја сфаќаат демократијата. Секогаш кога не е како тие што сакаат тие се закануваат и напаѓаат. Но веќе не поминуваат испадите на СДСМ и ДУИ.




Со нивните испади во собранието нема да го запрат нивниот пад. Избори што поскоро“, се вели во соопштението.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, по вчерашниот инцидент во Собранието и физичката пресметка помеѓу претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и АА, на Фејсбук напиша дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски нема придонесено ништо за државата, освен поделба и национализам и по тоа ќе биде запаметен.




„’Политичар’ каков што е Антонио Милошoски, кој ништо, ама баш ништо нема придонесено за оваа држава, освен поделби, национализам и омраза, ниту пак ѝ дал на Македонија нешто вредно што треба да се памети, единствено по што ќе остане запаметен во времето е кога за него Албанците не требаше да имаат образование, уште помалку високо образование.




За вчерашниот инцидент се огласи и оперскиот пејач Игор Дурловски.
„Кога од кафекуварка стануваш претседател на комисија за европски прашења“, напиша Дурловски.




Кога од кафекуварка стануваш претседател на комисија за европски прашања… pic.twitter.com/xwEa19x1Uc
— Igor Durlovski (@IDurlovski) June 27, 2022