Иљче Затаракоски ги прокоментира Ване и „Ванејца“: Какви неизживеани ликови човече

admin
loading...

Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов беа еден од најромантичните парови од јавниот живот и постојано споделуваа фотографии од нивните патувања и убави моменти.

За жал, сè што е убаво кратко трае, па така, вчера, Ване Цветанов на социјалните мрежи ја сподели веста дека нивната романса завршила:

„Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна..

Дунавка е прекрасна личност, искрено и ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света.

Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај.

За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш… Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена, а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца.

Здравје од Бога, во септември се гледаме со огромни институционални успеси“, напиша Цветанов на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи има низа коментари кои проговорија за врската меѓу Ване и Дунавка. Еден од повпечатливите е статусот на Иљче Затаракоски од Струга:

„Не се секирајте за ништо. Ете Ване од ко раскинал со Дубавка ќе се посветел на институцијата и ќе донесел успеси.

Пошо нормално е ко ќе се жениш 5-6 месеци да ја остајш институцијата сама од себе да работи, па после разводот да ѝ се посветиш. Какви неизживеани ликови човече!“

Loading...
Next Post

Шефот на пожарникарите ги откри последните зборови на принцезата Дајана

Околу полноќ на 31 август автомобилот во кој се наоѓала принцезата Дајана, поради неприлагодена брзина и поради возачот кој бил во алкох-олизирана состојба, се удр ил во еден од столбовите во тунел во Париз. Во истиот момент заги-нале партнерот на Дајана, Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Пол. Единствено телохранителот Тревор […]