Исповед го збесна регионот: Не смеете да ми судите што не сум мажена на 41г. и немам деца

admin3
loading...

Прв пат во животот се почувствував исмеана што не сум мажена и што немам деца.

Во продолжение ви го пренесуваме исповедот на Ивана В. од Нови Сад која за прв пат се почувствува како обележана поради тоа што нема сопствено семејство.

Имам 41 година и сум слободна жена. Многу нешта сум постигнала во животот, а во последните 15 години имам свој бизнис и многу сум среќна поради тоа.

Генерално не страдам од егзистенцијални кризи на идентитетот бидејќи не сум се омажила и не сум родила деца, иако околината врши притисок на мене….Верувајте ми, силно.

Меѓутоа, неодамна се најдов на еден роденден кај пријателка која ја познавам веќе 20 години.

Таму беше и еден заеднички пријател кој отсекогаш ми се допаѓал, но ништо не се случило меѓу нас.

Дојде на роденден со двете деца и прв пат ме виде по многу години и ме поздрави, седна покрај мене и започна да ја врти бурмата, па после неколку минути иронично ме праша – да видиме кој е твојот статус, по што почна иронично да се смее.

– Не знаев дека те интересира мојот статус бидејќи си оженет, му одговорив самоуверено.

Прв пат во животот се почувствував исмеана што не сум мажена и што немам деца.

Неговата насмевка го имаше оној ироничен потсмев „па, нормално дека си останала сама“.

Никогаш не ми се случило такво нешто и се почувствував обележано од сите погледи од страна на присутните.

Можеби претерувам, но да бевте таму и да видевте како тоа изгледаше, сигурна сум дека би се сложиле со мене.

Не разбирам зошто слободните жени се мета на потсмев бидејќи не се омажиле и тоа дури од блиската околина.

Мојата пријателка се правеше дека не слушна, а нејзиниот сопруг се обидуваше што подобро да наслушне што ми зборуваат.

Се почувствав дека како цела просторија да гледа во мене, а бидејќи бев во туѓа куќа и не можев да одговорам онака како што сакав.

Него повеќе не сакам да го видам, па секако следеше и непријатното известување до пријателката повеќе да не ме спојува со него и да не ме повикува на потенцијални заеднички излегувања.

Она што на мене не ми е јасно е зошто сум дозволила оваа ситуација да ме повреди и дали можеби проблемот е во мене?, се прашува Ивана во својата исповед.

Сигурни сме дека многумина од вас се нашле во иста ваква ситуација, слободно отворете ја душата и раскажете ни…

Loading...
Next Post

ФОТО: Тој бил единствено момче кое го имала Марија Шерифовиќ, а после него призна дека сакала жени

Љубовта на далечина едноставно не опстана, рекла Марија по раскинувањето. Српската пејачка Марија Шерифовиќ својот приватен живот го крие од медиумите, но пред неколку години на цел свет му го покажа нејзиното момче. За сексуалното определување на пејачката се шират разни гласини и додека могумина тврдеа дека таа е наклонета […]