Исповед на 35-годишен скопјанец кој втор пат е позитивен на Ковид 19 – раскажа како деновиве го поминал вирусот

admin22
loading...

Светската здравствена организација (СЗО) денеска издаде соопштение за омикрон, во кое се наведува дека ризикот поврзан со оваа варијанта останува „многу висок“.

– Врз основа на достапните докази, ризикот поврзан со омикрон останува висок. Омикрон расте многу побрзо од делтата, што доведува до големо ширење во заедницата, а со тоа и поголема инциденца отколку што сме виделе во пандемијата претходно, соопшти СЗО.

Високо заразниот сој омикрон на коронавирусот создава помалку опасен тек на Ковид-19 од глобално доминантниот делта сој, но не треба да се карактеризира како „благ”, изјавија денеска лидерите на Светската здравствена организација (СЗО).

Шефот на клиничкиот менаџмент на СЗО, Џенет Дијаз, кажа дека претходните студии покажале дека постои намален ризик од хоспитализација поради омикронот, во споредба со делтата сојот, пренесоа британските медиуми.

-Опасноста е помала и за младите и за постарите, додаде Дијаз.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, изјави дека сојот омикрон не треба да се смета за „благ” бидејќи негативните рекорди паѓаат низ целиот свет, здравствените системи се поплавени и владите се обидуваат да го „скротат” вирусот, што досега уб и повеќе од 5,8 милиони лица.

– И сојот, што е означен како ИХУ, првпат регистриран во 2021 година, исто така, е сој што СЗО го следи, но не циркулира низ целиот свет, додаде техничкиот директор на СЗО, Марија ван Керхове.

Таа предупреди дека омикрон нема да биде последната варијанта на Ковид-19.

Наш читател, со желба да објасни како го поминал вирусот и да помогне со информации на оние кои се во тек на прележување, или во иднина ќе се заразат, напиша како се справувал со вирусот изминатава недела.

-Имам 35 години и сум од Скопје. Првите симптоми ги добив минатиот понеделник. Температура 37.7, силна кашлица и гребење во грло. Температурата помина по два дена, веќе третиот имав околу 37, а сега три дена немам воопшто.

Чувствував омалаксаност, но не загубив мирис и вкус, а не ми течеше ниту носот, што за мене беше изненадување, бидејќи вообичаено, дури и при обични настинки во минатото, течел нос.

Инаку лани бев исто позитивен, но поминав асимптоматски. Летово во Србија примив кинеска вакцина две дози. Сега не знам, дали поради видот на овој сој, или вакцината, но поминувам релативно лесно.

Денес е седми ден, температура како што кажав погоре немам веќе 3 дена. Единствен симптом кој сè уште го имам е кашлицата. Не е како првите денови, но сè уште поткашлувам. Денес ме заболе грбот, иако тоа можеби не е симптом, туку како резултат на лежење деновиве.

Пиев многу течности, јадев супи, а пиев и суплементи (витамин ц, витамин д, цинк…). Се надевам дека со пренесување на моето искуство, некому ќе помогнам да го преброди полесно вирусот, пред сè на психолошки план…

Ова ми е вторпат како сум позитивен на корона, истата ја прележав лани но тогаш со многу поблаги симптоми само изгубив мирис и вкус.

Името и презимето, познати на редакцијата.

Фото: Илустрација

Loading...
Next Post

Неделава ќе биде особено тешка за овие хороскопски знаци

Оваа недела ќе ја започнеме со Месечината во знакот на Шкорпија, а неговото владеење ќе биде особено тешко за одредени хороскопски знаци. Ова е исто така аларм за разбудување и мирис на транзитот, бидејќи тие се силни, темни и подготвени да влијаат на нашите животи. Астролозите велат дека ова ќе […]